Објаснување на монсињор Генсвajн за книгата на кардинал Сарах

Објаснување на монсињор Генсвajн за книгата на кардинал Сарах

Префектот на Пaпскиот дом и личен секретар на Папата, монсињор Георг Генсвајн, за агенциите КНА и Анса изјави дека Бенедикт XVI не го одобрил двојниот потпис за да биде коавтор на книгата за свештенството и целибатот, која ќе биде објавена во среда во Франција, со потписи на папата Бенедикт XVI и кардинал Роберт Сарах.

„Можам да потврдам дека утрово, по препорака на Папата, го замолив кардинал Роберт Сарах да го контактира уредникот на книгата, барајќи да го отстрани името на Бенедикт XVI како коавтор на самата книга и исто така да го отстрани неговиот потпис од воведот и заклучокот“.

„Всушност, Папата знаеше дека кардиналот подготвува книга“, додава Генсвајн, „и испрати краток текст за свештенството, овластувајќи го да го користи како што сакаше. Но, тој не ги одобри плановите за двојна авторска книга, ниту пак ја виде и овласти насловната страница. Тоа е недоразбирање, без да се доведе во прашање добрата намера на кардиналот Сарах“.

Ватикан њуз:/к.мк

Таг: Објаснувањето на монсињор Генсвajн за книгата на кардинал Сарах

Клучни зборови: папа Фрањо, кардинал Сарах, книга, целибат, свештенство

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот