Папата на Цветници: Понизноста е Божји стил

Божјиот стил – а со тоа и стилот на христијаните – е понизноста. Таа е спротивна на световноста која ја нуди суетата и горделивоста. Тоа е констраст помеѓу два пата, „две знамиња“ во духовноста на Игнациј, која е во центарот на проповедта на Папата на Цветници.

Посланието до Филипјаните вели дека Исус „Сам Себе се понизи“, станувајќи послушен до смртта на крстот. Тоа Исусово понижување е во центарот на ова Литургија – рече Папата – и нè насочува на Божјиот стил, на понизноста. „Тоа е стил кој никогаш не престанува да нè изненадува и да нè вади од такт: никогаш не можеме да се навикнеме на понизниот Бог!“ – рече Светиот Отец.

Да се понизиш – рече понатаму – пред сè е карактеристика на Божјо постапување, како што може да се види во Книгата Исход: „Какво ли понижување за Господ, да се слушаат сите оние негодувања, оние жалби! Тие биле упатени против Мојсеј, но во суштина биле против Него, нивниот Отец“ – објасни Папата

Во ова Света Недела – продолжи – и ние ќе одиме по тој пат на Исусовото понижување, од учеството во предавството на Јуда сѐ до слушање на навредите кои народот и старешините ги упатуваат до Исус на крстот.“ Тој е Божји пат  – патот на понизноста. Тој е Исусовиот пат и нема друг. И не постои понизност без понижување“ – рече Папата.

Следејќи го тој пат сѐ до крајот, Божјиот Син земал „обличје на слуга“. На крајот – заклучи Папата – понизноста значи и служење, значи да му дадеш на Бог место, соблекувајќи се самиот себе, испразнувајќи се, како што вели Светото Писмо. Тоа е најголемо понижување.

Спротивно на тоа е световноста. Ѓаволот неа му ја предложил и на самиот Исус за време на Неговиот четириесетдневен престој во пустината. Но, Исус без двоумење ја отфрлил. А со Него и ние – само со помош на Неговите милости – можеме да го надминеме искушението на световноста – не само во големите, важни моменти, туку и во секојдневните животни ситуации – охрабри Папата и додаде:

За тоа ни помага примерот на многу луѓе кои секој ден во тишина и сокриеност се одрекуваат од самите себе за да им служат на другите: на болниот роднина, на осамениот старец, на човек со инвалидитет или на бездомник. Да помислиме и на понижувањето на луѓето кои се дискриминираат заради нивната верност на Евангелието.

Да помислиме – додаде – и на нашите браќа и сестри кои се прогонувани затоа што се христијани – на бројните маченици на нашето време. Не сакаат да се откажат од Исус и достоинствено ги поднесуваат навредите и страдањето. Го следат на Неговиот пат.

Да се осмелиме во ова седмица и ние да појдеме по патот на понизноста, со голема љубов за Него, нашиот Господ и Спасител. Љубовта ќе нè води и ќе ни даде сила и каде што е Он, таму ќе бидеме и ние – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот