Папата: Молитвата – главен излез од затвореноста на поединецот и на заедницата
Текст во целост од проповедта на Папата Фрањо, од Понтификалната Света Миса, во ватиканската Базилика, на 29 јуни 2016 година, по повод празникот Свети Петар и Павле, на која традиционално беше присутна и Делегација испратена од православниот екуменски Патријарх, Вартоломеј I.
Словото она оваа литургија во себе има еден централен бином: „затвореност“ – „отвореност“. На оваа слика може да го додадеме и симболот „клучеви“, кои Исус му ги ветува на Симон Петар, за да би ја отворил вратата на царството небесно, а сигурно и да не ја затвора пред луѓето, како што правеле некои книжници и фарисеи, лицемери кои Исус ги укоруваше.
Читањето од Делата на светите апостоли ни претставува „три затворености“: онаа на Петар во затворот, онаа на заедницата собрана на молитва и – во контекстот на следниот пасус – онаа која се однесува на куќата на Марија, мајката на Иван таканаречен Марко, каде што Петар, откако бил ослободен, тропал на вратата.
Во однос на „затвореноста“, молитвата се чини како главен излез: како излез за заедницата, која ризикува да се затвори во самата себе заради прогонствата и стравот, излез за Петар, кој веќе на почетокот од својата мисија, доверена на него од Господа, бил фрлен од Ирод во темница та така ризикува смртна осуда. Додека Петар бил во затворот, Црквата за него без престан се молела. И Господ одговорил на оваа молитва па го испраќа својот ангел да го ослободи, отстранувајќи го од раката на Ирод. Молитвата, како понизна доверба во Бога и во Неговата света волја секогаш е еден пат за излез од нашата лична и заедничка затвореност.
Дури и Павле, пишувајќи му на Тимотеј, зборуваше за своето искуство на ослободување, за излезот од опасноста, дека и самиот тој бил осуден на смрт; Господ, наместо тоа да се случи, му бил близу и му дал сила, со цел да го исполни неговото дело за евангелизацијата на народите. Но Павле зборува за многу поголема отвореност, за отвореноста кон хоризонтот кој има бескрајно пространство: за хоризонтот на вечниот живот, кој го чека откако ќе ја заврши својата трка на земјата. Убаво е, благодарение на Евангелието, да се види потполно овој апостолски живот „во излегувањето“: целиот живот „проследен кон напред“. Прво како бил занесен од Христа – тој и тие кој го а – а потоа како би се „фрлил“ – така да кажам – во неговите раце и од Него би бил однесен во небеските висини, во неговото царство.
Да се вратиме на Петар. Евангелскиот извештај за неговото исповедување на верата и мисијата која Исус му ја доверил, ни покажува дека животот на Симон, Галилејскиот рибар – како и животот на секого од нас – потполно се отвора кога од Бог Отецот ги прифаќа благодатите на верата. Тогаш Симон застанува на пат кој е тврд и долг, а кои ќе го доведат до тоа да излезе од самиот себе, од својата човечка „безбедност“, а особено од својата гордост измешана со храброста и великодушниот алтруизам. На овој свој пат на ослободување, пресудна е Исусовата молитва: „Јас се молев за тебе, за да не се намали твојата вера. Исто така одлучувачки беше и погледот Господов полн со сочуство, откако Петар трипати се одрече од Него: тоа е поглед кој го допира срцето и предизвикува солзи на каење. Тогаш Симон Петар бил ослободен од „затворот“ на своето гордо „јас“, на своето исплашено „јас“, и го надминал искушението да се затвори на Исусовиот повик во следењето на крстниот пат.
Како што веќе најавив, во блажениот контекст од Делата на светите апостоли, постои една особина која добро е да ја истакнеме. Кога Петар на чудесен начин се нашол ослободен надвор од Иродовиот затвор, се упатил кон куќата на Ивановата мајка, таканаречен Марко. Затропал на вратата, а одвнатре одговорила една жена по име Роза, која го препознала Петровиот глас; меѓутоа, наместо да му ја отвори вратата, таа во неверување и полна со радост, истрчала за да ја извести својата господарка. Приказната која може да изгледа смешна и може да се нарече ‘Розиниот комплекс’, ни овозможува да ја забележиме атмосферата на страв во која се наоѓала христијанската заедница, останувајќи затворена во куќата; затворена исто така и на Божјите изненадувања. Петар чука на вратата… (некој) гледа, овде е радоста, но и стравот; да се отвори или не?! Тој (Петар) сѐ уште е во опасност, бидејќи полицијата (стражата) може повторно да го фати. Стравот може да нѐ спречи, секогаш може да нѐ спречува и прави ние да се затвораме; нѐ затвора за Божјите изненадувања. Оваа особина ни зборува за искушенијата кои секогаш постојат во Црквата, а тоа се, пред опасностите, да се затвори во самата себе,. Но исто така овде има и една пукнатина низ која Божјото делување можело да помине.
Свети Лука вели дека во онаа куќа „многумина биле обединети во молитва“. Молитвата на благодатта овозможува да го отвори излезот: од затвореноста кон отвореноста; од стравот кон храброста; од тагата кон радоста… а би можеле да додадеме: од поделбата кон единството. Да, тоа да го кажеме со доверба заедно со нашите браќа од Делегацијата на драгиот брат, патријархот Вартоломеј, за да учествувме на славењето на празникот на светите Заштитници на Рим. Празник на заедништвото за целата Црква, при што беше очигледно присуството на бискупите метрополити, кои дојдоа на благословот на палиумите, а на кои ќе им ги поставам за да бидаат мои претставници во нивните седишта. Свети Петар и Павле нека нѐ заштитуваат, за да би можеле си радост да го исполнеме оваа патување, да го искусиме ослободителното Божјо делување и на сите да им посведочиме.
РВ/З.А.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк