Книга на исусовецот патер Вартоломеј Сорге со наслов: „Исус се смее. Со папата Фрањо подалеку од религијата на стравот“

„Исус се смее. Со папата Фрањо подалеку од религијата на стравот“ – е наслов на книгата на исусовецот патер Вартоломеј Сорге, која ја објави издавачката куќа Пиеме Едициони, а е презентриана на 3 јуни во Рим. Книгата произлезе од утврдената очигледна популарност и одобрување кое го предизвика папата Фрањо, меѓутоа чија порака – според мислењето на авторот – луѓето би можеле да ја направат банална. Оттука произлегува желбата да се оди до неговите длабоки причини кои задираат во радикалноста на евангелскиот живот, во верата во Исус, навестуван и сакан со животот и прегрнат во сиромашните и малите.

Говорејќи за Радио Ватикан за својата книга, почнувајќи од насловот, патер Сорге рече дека зборовите од насловот ги изрече папата Фрањо. Исус го замислуваме како говори, кога прави чуда, кога умира на крстот; меѓутоа никогаш не мислиме на Него насмеан, рече Светиот Отец. Напротив, Исус се смее, во смисла да го шири сфаќањето на верата и религијата, не како некоја должност, туку како нешто радосно и убаво. Многу ми значеше да се истакне таа порака на Папата – рече патер Сорге и објасни – бидејќи постои опасност Папата да постане телевизиска ѕвезда, а тоа би било крај за неговата порака! Ако се банализираат зборовите на Папата, би можело да се случи да не се сфати внатрешната сила која доаѓа од Евангелието, од верата… – додаде патер Сорге.

На новинарската забелешка дека христијанството веќе со векови ја промовира пораката дека таа религија е религија на радост, па на прашањето што е денес ново и поинакво, патер Сорге рече дека има чувство дека науката е веќе позната, меѓутоа да се види Папата кој со дела, со сопствениот живот, едноставноста на изразување и со близината до луѓето и болното тело Христово, покажува дека е тоа вистина, тоа е навистина неодоливо. (…) Кога Папата слегува од џипот за да прегрне некој инвалид, не е потребно да се разговара за тоа што е љубов. Тука е таа неодолива сила на евангелското сведочење; да се покаже со животот повеќе отколку со зборови – рече меѓу другото патер Сорге.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот