Папата испрати порака до патријархот Тавадрос II

Католиците и коптите можат заедно да сведочат за важните вредности како светоста и достоинството на секој човечки живот, светоста на бракот и семејниот живот и почитта кон создаденото кое Бог ни го довери – напиша папата Фрањо во пораката до патријархот на Коптската православна црква Тавадрос II.

Пораката папата Фрањо до коптскиот патријарх Тавадрос II ја упати по повод денот на коптско-католичкото пријателство, кое се одбележува на 10 мај.

Светиот Отец ги истакна заедничките чекори на католиците и православните Копти „на патот на помирувањето и пријателството“, по „векови молчење, недостаток на разбирање дури и непријателства“ сега во дијалог и соработка во „навестувањето на Евангелието и служењето на човештвото“. Папата покрај тоа потсети на средбата со патријархот Тавадрос во 2013 година во Рим и неговата великодушна гостољубивост во текот на 13-тата средба на Меѓународна комисија за теолошки дијалог на Католичката и Источните православни Цркви кој се одржа во Каиро на почетокот на годината.

Во обновениот дух на пријателство – напиша Светиот Отец – нека Господ ни помогне да видиме дека врската која нè обединува поттекнува од истиот повик и послание кое го примивме од Отецот на денот на нашето Крштение. Иако – како што рече – сè уште го очекуваме денот кога ќе бидеме обединети на истата евхаристиска маса  веќе сега можеме да ја покажаме онаа врска која нè обединува.

„Пред многу современи предизвици коптите и католиците се повикани да пружат заеднички одговори засновани на Евангелието“ свесни дека „она што нè обединува е поголемо од она што нè дели“ – рече папата Фрањо. Спомна и на христијанските заедници во Египет и на Блискиот Исток каде што многу од нив минуваат низ големи тешкотии и трагедии посебно во Ирак и Сирија. Затоа изрази надеж дека меѓународната заедница ќе може „мудро и праведно да одговри на тоа насилство без преседан.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот