Папата изрази сочувство за жртвите од нападот во Барселона

Папата изрази сочувство за жртвите од нападот во Барселона

По веста за бруталниот терористички атентат, кој посеа смрт и болка во Барселона, папата Фрањо сака да ја „изрази својата најдлабока болка за жртвите, кои ги загубија животите во тоа нечовечко дело и се моли за нивен вечен покој.“

Тоа стои во телеграмата со сочувство на папата Фрањо за жртвите од атентатот во Барселона кој се случи на 17 август 2017 година, упатена до кардинал Хуан Хосе Омеја, архиепископ на шпанскиот град.

„Во тој момент на тага и болка, Папата ги уверува во својата духовна поддршка и близина на многубројните ранети, нивните семејства и целото каталонско и шпанско општество.“ Папата – стои понатаму во телеграмата – „го осудува слепото насилство, кое е тешко злосторство кон Создателот и ја издигнува својата молитва до Севишниот за да ни помогне да продолжиме да работиме решително за мирот и разбирањето во светот.“ Папата Фрањо ја завршува телеграмата со тоа што го упатува својот „апостолски благослов над сите жртви, нивните семејства и саканиот шпански народ.“

РВ/к.мк

Таг: Телеграма со сочувство

Клучни зборови: папа Фрањо, телеграма со сочувство, кардинал Хуан Хосе Омеја,, атентат

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот