Папата: Христовите ученици не смеат да бидат затворени во различноста

Папата: Христовите ученици не смеат да бидат затворени во различноста

Да не одиме секој по својот пат, следејќи ги целите, како другиот да е само оној кој историјата го ставила покрај нас, туку како браќа кои ги споила Провидноста и кои заедно одат кон единствениот Господ.

Да се оди заедно, не секој по својот пат, туку како браќа кои Провидноста ги поврзала. На тој начин католиците и православните можат да искусат дека она што ни е заедничко вреди повеќе од она што нѐ раздвојува – рече папата Фрањо на 25 февруари 2019 година во Ватикан, примајќи ги претставниците на црковното тело „Апостолики Дијаконија“ на Грчката православна црква. Во својот говор Папата пред сѐ замоли на враќање во Атина да ги пренесат срдечните честитки на Неговото блаженство Јероним, кој на 16 февруари прослави 11 години од преземањето на неговата служба.

Светиот Отец искажа благодарност за плодната соработка помеѓу тоа тело на Грчаката православна црква и Советот за промовирање на единство на христијаните, која трае повеќе од петнаесет години и оствари многу пофални културни и образовни проекти. Тој видлив пример на заедничка работа, ни помага да откриеме дека сме браќа – рече папата Фрањо и истакна: Младите нѐ учат да не останеме затвореници на ризикот, туку во нас да гори желбата заедно да одиме, сонувајќи за надминување на проблемите кои го спречуваат полното заедништво. На нас е да продолжиме да одиме заедно и да работиме како повторно би откриле дека сме браќа.

Од тука произлегува повикот да не одиме секој по својот пат, следејќи ги целите, како другиот да е само оној кој историјата го ставила покрај нас, туку како браќа кои ги споила Провидноста и кои заедно одат кон единствениот Господ, носејќи го товарот на другиот, радувајќи се на чекорите на другиот – рече Папата и се осврна на семејството како на уште едно поле за соработка. Имено, живееме во општество кое е одбележано со многу брзи промени кои се случуваат со зголемена внатрешна кревкост. Христијанските семејства кои се соочуваат со разни предизвици, иако припаѓаат на различни географски и културни поднебја, вложуваат во единството.

Повикани сме да им бидеме блиски, да им помогнеме на семејствата како повторно би го откриле дарот на брак и убавината на зачувување на љубовта која секојдневно се обновува со трпеливо и искрено делење и кротката сила на молитвата. Повикани сме да бидеме блиски со оние чиј семеен живот не се остварува во склад со евангелскиот идеал, и немаат мир и радост.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот