Папата Фрањо го именува монсињор Иво Мартиновиќ за Пожешки бискуп

Папата Фрањо го именува монсињор Иво Мартиновиќ за Пожешки бискуп

Апостолската нунцијатура во Република Хрватска во понеделник, 11 март 2024 година, објави дека папата Фрањо го именува монсињор Иво Мартиновиќ за нов Пожешки бискуп.

„Апостолската нунцијатура во Република Хрватска ја има честа да објави дека Светиот Отец Фрањо го именува фра Иво Мартиновиќ, досегашен провинцијал на Фрањевците треторедци глаголаши на провинција Свети Јероним во Хрватска“, стои во соопштението.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека Светиот Отец го прифатил повлекувањето на монсињор Антун Шкворчевиќ од пасторалното управување со Пожешката бискупија, поради навршување на канонска возраст. Монсињор Шкворчевиќ е првиот бискуп на Пожешката бискупија, која папата Свети Иван Павле II, ја воспостави на 5 јули 1997 година.

Веста беше истовремено е објавена и во Бискупскиот ординаријат во Пожега. Фратарот Иво Мартиновиќ е роден на 28 јуни 1965 година во Жупања. Пораснал во парохијата Толиса во Босна и Херцеговина. Основното училиште завршил во Матиќи. Повисоките одделенија ги завршил во соседна Оштра Лука.

Во 1980 година бил примен во семинаријата на Фрањевците треторедци глаголаши. Класичното средно образование завршил во Меѓубискупската гимназија за подготовка на свештеници во Загреб. Студирал филозофија и теологија на Католичкиот теолошки факултет во Загреб.

Свечените монашки завети во провинцијата Фрањевците треторедци глаголаши ги положил на празникот Свети Фрањо Асишки на 4 октомври 1990 година во Загреб. За ѓакон е ракоположен на 13 октомври 1991 година, а за презвитер на 28 јуни 1992 година во Загреб.

Покрај останатите служби кои ги имал во Црквата и неговата монашка заедница, тој во два мандата од 2017 – 2024 година е провинцијал на Фрањевците треторедци глаголаши. Освен хрватски, зборува италијански и германски јазик.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот