Папата се сретна со новинарите од „Civiltà Cattolica“

Папата се сретна со новинарите од „Civiltà Cattolica“

Немир, отвореност и имагинација, овие зборови папата Фрањо ги препорача на заедницата и уредниците на Исусовското списание „Civiltà Cattolica“, кој претпладне на 9 февруари 2017 година ги прими во аудиенција по повод објавувањет на 4000 број.

Ова навистина е уникатен потфат, списанието наполни 167 години и смело ја продолжува пловидбата на отворено море – рече папата Фрањо.

Имајќи ја пред очи сликата на отворено море, Папата ги повика уредниците да не се плашат од отвореното море, да не бараат сигурно пристаниште, туку да го извршуваат посланието, да ја бранат сигурноста, туку да одат на ширината. Можно е да се сретнат „спротивни ветрови и бури“, но не пловете сами. Овде секогаш е Исус, Кој, како во Евангелието според Матеј, охрабрува: „Храбро, Јас сум, не плашете се!“ Списанието е на „коработ на Петар“, каде некои морнари можат да веслат во спротивен правец. Тоа секогаш го имало – рече Светиот Отец додавајќи дека тие мора да бидат „искусни и вредни веслачи.“

Осврнувајќи се на фактот дека списанието после 167 години исто така се печати на шпански, англиски, француски и корејски јазик, Папата рече дека списанието ќе „биде се повеќе отворено за светот.“ Станува збор за ново послание на списанието, кое не се состои само „во одбрана на католичките идеи, како католицизмот да е некоја филозофија.“ Папата смета дека некое списание е католичко само ако го има Исусовиот поглед на светот и ако го пренесува и сведочи.

За да се оствари таа цел, пред сѐ е потребен немир. Само немирот го смирува Исусовското срце. Истакнувајќи дека христијанските вредности и традиции не се реткости кои треба да се чуваат во музеј, Папата ги повика уредниците да бидат како свети Петар Фавре, човек со „големи желби, немирен дух, секогаш незадоволен, пионер на екуменизмот. Немирот помага да се сфатат раните на овој свет исто така ја одредува и терапијата. Фавре умрел млад од умор, од желба сѐ што прави да биде за поголема слава Божја. Вашата немирна интелигенција, вашиот компјутер ја претвора во размислувања, многу корисни за градење на подобар свет, Царството Божјо – рече Папата.

Новинарите треба како Матео Ричи да предлагаат „отворена, а не затворена и вкочанета мисла“ – рече Папата, мислејќи за отвореноста. Нека ве води пророчкиот дух на Евангелието за да имате изворно, живо, динамично, а не општо гледиште. Тоа е важно особено денес, во многу сложениот свет, полн со предизвици во кој изгледа дека преовладува „културата на бродолом“, хранета со световен месијанизам, релативистичка просечност, сомнеж и вкочанетост, и „културата канта за ѓубре,“ во која се фрла сѐ она што не ни се допаѓа и сѐ што се смета за бескорисно – рече папата Фрањо.

Зборувајќи пак за третиот клучен збор, за имагинацијата, рече дека креативните луѓе не се вкочанети, имаат чувство за хумор, милосрдни се и слободни. Исусовскиот брат, познатиот Андреа Поцо, во своите уметнички дела „со имагинацијата отвора широки простори, куполи и ходници, таму каде се само кровови и ѕидови.“ Папата поттикна списанието и понатаму да се занимава со уметноста, литературата, киното и музиката, а Дружбата Исусова да го поддржува вредното списание, карактеристично во служење на Апостолскиот Престол. Неговата врска со Апостолскиот Престол го прави единствен спсиание од таков вид – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот