Папа Фрањо доби нови стакла за очилата

Папа Фрањо ги изненади римјаните и туристите кога во четвртокот, 03 септември 2015 година во попладневните часови ја посети оптиката во центарот на градот за да ги замени стаклата на своите очила. „Не сакам да ги променам рамките. Само нови стакла“ – рекол Папата на Алесандро Спиеција, сопственик на продавницата која се наоѓа на улица Бабуино. Во разговор за медиумите, оптичарот кажа дека требало да отиде во Ватикан во средата, но секретарот на папата му рекол дека Светиот Отец сака да дојде кај него. Претходната година Спиеција направи нови очила за Папата.

Светиот Отец се задража околу 40 минути во продавницата каде што направи и контрола на видот. Во меѓувреме, надвор се собраа мноштво луѓе кои ја фотографираа и снимаа неочекуваната глетка. На крајот Папата инсистирше да го подмири долгот, говорејќи: „Те молам, Алесандро, дозволи ми да го платам она за што сум должен“. После тоа во придружба на својот возач во Форд Фокусот се врати во Ватикан.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот