Божиќните јасли на плоштадот Свети Петар оваа година се од Перу

Божиќните јасли на плоштадот Свети Петар оваа година се од Перу

Јаслите кои ќе бидат поставени за Божиќ на главниот ватикански плоштад ќе го прикажат Христовото раѓање жителите на селото Чопка на Андите, заедница во областа Хуанкавелица во Перу. Се состои од повеќе од 30 дела и ќе го изработат пет познати уметници од областа. Божиќната смрека висока 28 метри е од Андал, Италија.

Папата Фрањо по молитвата Ангел Господов на 24 октомври, поздравувјаќи ја перуанската заедница го објави потеклото на овогодинешните божиќни јасли.

Одбележувајќи ја 200 годишнината од независноса на Перу, со овие јасли сака да се претсви животот на наордот во Андите, кои симболизираат универзален повик за спасение, затоа што Синот Божји се воплоти за да ги спаси сите мажи и жени на земјата, без разлика на јазикот, народот, културата и нацијата.

Божиќната смрека, висока 28 метри, ќе биде поставена веднаш до местото на раѓање и доаѓа од Андал во Трентино, Италија. За украсувањето ќе се погрижи делегацијата од Трентино, а ќе се обезбеди и ЛЕД осветлување со мала патрошувачка.

Традиционалното свечено отворање на божиќните јасли и палењето светилките на божиќното дрво ќе се одржи, согласно епидемиолошките мерки, на плоштадот Свети Петар во петок 10 декември, во 17.00 часот. Церемонијата ќе ја предводи надбискупот Фернандо Вергез Алзага, претседател на гувернератот на државата Ватикан. Истиот ден, во утринските часови, папата Фрањо во аудиенција ќе прими делегации од Хуанкавелица, Андала и Галилоа. Поставвуањето на божиќните јасли е овозможено во соработка со перуанската бискупска конференција, епархијата Хуанкавелико, регионалната влада, Министерството за надворешна трговија и туризам, Министерството за надворешни работи и амбасадата на Перу во Светиот Престол.

Ликови на детето Исус, Богородица, св. Јосиф, тројцата мудреци и пастири ќе бидат направени во природна големина од материјали како керамика, дрво агава и фиберглас и ќе бидат облечени во традиционална облека чопча. Така малиот Исус ќе биде завиткан во типично ќебе од областа Хуанкавелица, додека мудреците во вреќи ќе ја носат типичната храна за тоа место, а ламите што ги придружуваат на грбот ќе го имаат перуанското знаме. Раѓањето на Спасителот ќе го навести ангел кој свири на типичен дувачки инструмент – Вајрапуко. Ќе бидат прикажани и животни кои вообичаено живеат во таа област.

Чопча е заедница со нешто повеќе од 10.000 жители. Селото се наоѓа источно од градот Хуанкавелица, главниот град на истоимената област, на надморска височина од 3.680 до 4.500 метри надморска височина.

Во салата на Павле VI ќе биде поставена уште една поставка на божиќни јасли, а ќе ја изработат младите од парохијата Свети Вартоломеј од Виченца.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот