Во обраќањето по молитвата Царице небесна, во недела 22 мај 2022 година, Папата, меѓу другите, ги поздрави и учесниците на националната манифестација „Избираме живот“ во Рим и им се заблагодари за нивната посветеноста во корист на животот и одбраната на приговорот на совеста.
Приговорот на совеста често се обидува да се ограничи, истакна Папата. За жал, во последниве години дојде до промена во општиот менталитет и денес сѐ повеќе сме склони да мислиме дека животот е нешто со кое располагаме, дека можеме да избиреме и манипулираме, да одлучуваме за раѓање или смрт, како што сакаме, како резултат на индивидуален избор. Да потсетиме дека животот е Божји дар! Секогаш е свет и неприкосновен и не можеме да го замолчиме гласот на совеста, нагласи папата Фрањо.
Седмица на Лаудато Си
Папата во своето обраќање го најави и почетокот на Неделата Лаудато Си, која нè повикува повнимателно да го слушаме плачот на Земјата, што нè поттикнува да дејствуваме заедно во грижата за нашиот заеднички дом, истакна Светиот Отец. Тој се заблагодари на Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој и ги покани сите да учествуваат.
Беатификацијата на Полин Мари Жарико
Да додадеме и дека папата Фрањо потсети на денешната беатификација на Полин Мари Жарико во Лион, Франција. Нека примерот на оваа верничка, која беше внимателна за промените на времето, со универзална визија за посланието на Црквата, во сите разбуди желба за учество, молитва и милосрдие, во ширењето на Евангелието во светот, поттикне Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк