Ангел Господов: Човекот со вера целосно се препушта на волјата Божја

Ангел Господов: Човекот со вера целосно се препушта на волјата Божја

Ништо не е невозможно за верникот затоа што тој не се потпира на својата сила, туку на Бог кој може сѐ – рече папата Фрањо во попладневното обраќање пред молитвата Ангел Господов на 6 Октомври 2019 година, фокусирајќи се на евангелскиот текст (Лк 17,5-10) од литургиските читања.

Папата Фрањо на почетокот на пладневниот говор се осврна на евангелскиот дел од светото Евангелие, во кое апостолите од Исус бараат да ја умножи нивната вера, а тој им одговори со две слики. Зборувајќи за стеблото на црницата што Исус ја спомнува, Светиот Отец објасни дека станува збор за силно и добро вкоренето дрво. Господ сака да истакне дека верата макар и мала, има моќ да искорне дури и црница. Ништо не е невозможно за верникот затоа што тој не се потпира на сопствената сила, туку на Бог кој може сѐ.

Светиот Отец потоа напомена дека верата, споредена со семе од синапово зрно, не е арогантна и сигурна во себе, туку со својата понизност чуствува голема потреба од Бог, и во маленкоста му се предава на него со потполна доверба. Верата нѐ оспособува со надеж да гледаме на животните подеми и падови и ни помага да ги прифатиме поразите и страдањата, свесни дека злото никогаш нема да го има последнниот збор – истакна папата Фрањо и меѓу другото додаде како Исус ни покажува дека служењето е мерка за верата.

Осврнувајќи се на Исусовата парабола за господарот и слугата, папата Фрањо објасни дека однесувањето на господарот го открива вистинскиот центар на параболата, односно ставот за подготвеноста на слугата. Притоа тој напомена дека човек со вера, како тој слуга, целосно се предава на волјата Божја, без сметка или барања. Таквиот став кон Бога се гледа и во заедницата, односно во радоста на взаемното служење во кое веќе има награда, не во признанија и добивка.

,,Ние сме бескорисни слуги’’ е израз на понизност и подготвеност кои на Црквата и прават многу добра и потсетува дека во неа се работи на правилен начин, со понизно служење кое Исус ни го покажа преку миењето нозете на учениците – рече папата Фрањо пред молитвата Ангел Господов , а после тоа ги повика сите да се молат за посебната Епископска синода за подрачјето на Панамазонија, која започна со Евхаристиско славење во базиликата свети Петар.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот