Папата до младите на Крстниот пат: Кого ќе изберете – Пилат, Симон или Марија

Рио де Жанеиро, 27.7.2013 /к.мк/ – Откако во петок 26 јули папата Фрањо ручаше сдо дванесет млади од сите пет континенти, во 18 часот (локално време) се упати на плажата Копакабана каде со повеќе од еден милион млади размислуваше за Христовата мака на Крстот. Со симболични и спектакуларни изведби на постојките од Крстниот пат, придужени со музика, со повеќе од 280 уметници и „актери“, младите низ 13 постојки поставени на скооро 900 метри долг пат го носеа украсениот крст на Светскиот ден на млади, а на 14 постојка го издигнаа на подиумот каде што беше Папата. Во ценатрот на размислувањата на постојките од Крстниот пат, за кој текстот го напишаа двајца свештеници Дехонијанци е вткаено човештвото откупено преку Христовиот крст; повик до мисионерите, преобраќање на зависниците; борба за одбрана на животот од зачнување до природна смрт; предизивици на животниот пат на богословите; жртвите од „културата на смртта“; жените кои се проституираат, семејства кои  живеат во беда; болни без пристап до здравствено осигурување, стари лица, млади невработени, вљубеност темелена на љубовта, а не на страстите; говор за жените кои страдаат; разликување на доброто и злото при користењето на интернетот, млади затвореници, неизлечиви болести, мир и верска слобода, надминување на секуларизација и насилства и се поголемата потребата за ширење на евангелието и во услови на прогонство.

На почетокот од својот говор по завршувањето на Крстниот пат, Папата потсети дека на крајот од Светата Година на Откупување, блажениот Иван Павле II им го довери крстот да го носат низ светот „како знак на Исусовата љубов кон човештвото“ и на сите да им навести „дека само преку умрениот и воскреснатиот Христос е спасението и откупот“. Говрејќи дека никој не може да се допре до Исусовиот крст, а во него да не се остави нешто од себе и во својот живот да не се понесе нешто од тој крст, Папата до младите упати три прашања: „Што вие, млади од Бразил, оставивте во крстот во овие две години додека поминуваше низ вашата огромна земја? И што остави Исусовиот крст во секој од вас? И што нѐ учи во животот овој Крст?

Поврзано со првото прашање Папата истакна дека Исус со својот крст поминува низ нашите улици и врз себе ги зема нашите стравови, проблеми, трпења. Преку Крстот Исус се соединува со молчењето на жртвите од насилствата, кои повеќе не можат да викаат, посебно оние невини и оние кои не можат да се бранат; преку Крстот Исус се соединува со семејствата во потешкотии, и кои го оплакуваат трагичното губење на своите деца; преку Крстот Исус се соединува со сите луѓе кои трпат од глад во светот, кои пак од друга страна си го дозволуваат луксузот секој ден да фрлаат со тони храна; преку Крстот Исус се соединува со многу мајки и татковци кои трпат гледајќи ги своите деца како жртви на вештачкиот рај од дрогата; преку Крстот Исус се соединува со прогонетите поради верата, идејата или едноставно поради бојата на кожата; преку Крстот Исус се соединува со бројните млади кои изгубија доверба во политичките институции, бидејќи гледаат егоизам и корупција или со оние кои ја изгубиле својата вера во Црквата, па дури и во Бог, поради недоследните христијани и служители на евангелието.“ Иако на Христовиот крст е видливо трпењето и нашите гревови, „Тој прифаќа сѐ со раширени раце, на своите рамења ги става нашите крстови и вели: Храбро! Не си сам во твоето носење! Јас ги носам со тебе и јас ја победив смртта и дојдов да ти дадам надеж, да ти дадам живот“.

Одговарајќи на второто прашање, за тоа што остави во нас Христовиот крст кај оние кои го видоа и допреа, односно во секој од нас, Папата појасни дека крстот остава добро кое никој не може да го даде, а тоа е сигурност на верната љубов која Бог ја има кон нас: „Толку голема љубов која влегува во нашиот грев и го простува за да не спаси„ Во Христовиот крст е целата Божја љубов и неговото бескрајно милосрдие, на кое можеме да се надеваме и веруваме, додаде папата Фрањо упатувајќи им на младите повик: Да се надеваме во Исус, да се довериме на Исус, бидејќи тој никогаш и никој не разочарува! Само преку умрениот и воскреснатиот Христос ќе најдеме спасение и откуп. Со него, злото, трпењето и смртта го немаат завршниот збор, бидејќи Тој ни дава надеж и живиот“. Папата потсети дека првичното име на Бразил било: Земја на Светиот Крст (Terra de Santa Cruz) и дека Христовиот крст е всаден не само на плажата пред петстотини години, туку и во историјата, во срцето и животот на бразилскиот и многу други народи.

Поврзано за пораката на Крстот во животот на секој поединец, Папата предупреди дека „Христовиот крст повикува да дозволиме да бидеме заразени со таа љубов, нѐ учи другиот да го гледаме секогаш со милосрдие и љубов, а на крајот и оние кои трпат, кои имаат потреба од помош, кои очекуваат збор, дело, крстот не повикува да излеземе од самите себе да појдеме во пресрет и да им подадеме рака“. Светиот Отец упати на повеќе ликови на Исусовиот пат до Голгота и ги праша младите: Јас денес те прашувам: како кој од нив сакаш да бидеш? Сакаш ли да бидеш како Пилат кој нема храброст да оди против струјата за да го спаси животот на Исус и си ги мие рацете? Кажи ми: дали си еден од оние кои ги мијат рацете, кои се прават дека не разбираат и ја свртуваат главата на другата страна? Или си како Киренеецот кој му помага на Исус да го носи она тешко дрво, како Марија и другите жени кои не се плашат да го следат Исус сѐ до крајот, со „љубов, со нежност„ На крајот Папата заврши: Исус сега те гледа и ти вели: Сакаш ли да ми помогнеш да го носам Крстот? Со целата ваша сила момче и девојко, што ќе му одговориш?“ (го*ко)

Категорија: Uncategorized

За авторот

Write a Comment

<