Папата до младите: Иднината е во ваши раце. Зграпчете ја да биде подобра
На 4 септември 2014 година во Ватикан папата Фрањо се сретна со учесниците на 3. Конгрес „Сколас окурентес“ (Scholas occurrentes), образовна институција со седиште во Ватикан, кој се одржа од 1-4 септември.
За време на аудиенцијата Светиот Отец по пат на директна интернет врска се обрати до учесницитео одговарајќи на прашања поставени од студенти, членови на мрежата училишта од Турција, Австралија, Израел, Јужоафриканската Република и Сан Салвадор.
Не заборавајте го културното, мудросното и верското наследство оставено од вашите претци, им порача папата Фрањо на младите. „Само храбро, напред! Градете иднина! Не плашете се! Само напред! Градете мостови на мирот. Играјте тимски и ќе ја направете иднината подобра, но сетете се дека иднината е во ваши раце“, рече Папата. Вие – рече Папата одговарајќи на студент од Австралија – можете да направете две спротивни работи: да градете мостови или да подигнувате ѕидови. Ѕидовите раздвојуваат, делат, мостовите зближуваат. Значи, рече Папата, продолжете да комуницирате. Комуницирајте за искуствата. Комуницирањето е дарување! Комуницирањето е великодушност, комуницирањето е почитување, да се комуницира значи да се избегнат сите дискриминации, порача Светиот Отец.
„Младите луѓе – рече Папата, одговарајќи на прашање на студент од Турска – не сакаат војна, сакаат мир и тоа мора да го викате од срце, одвнатре. Иднината е во рацете на младите“, истакна папата Фрањо, но „младите ги красат две карактеристики: полет и длабоки корени, млади кои имаат крила да летаат, да сонуваат, да создаваат и кои имаат корени да примаат знаење од старите, кои можат да ни го дадат само најдоброто. Затоа иднината е во ваши раце, ако имате крилја и корени: Крилјата ви се потребни да сонувате за добри работи, да сонувате за подобар свет, да протестирате против војните. Од друга страна мора да го почитувате знаењето кое го примивте од постарите лица, родители, баби и дедовци; од старите лица од својот народ. Иднината е во ваши раце. Зграпчете ја да биде подобра“.
„Како што постојат мостови преку кои можеме да се искачуваме, постои и комуникација која уништува“, предупреди Папата во одговорот на прашање на студент од Сан Салвадор. „Бидете многу внимателни!“, продолжи Папата. „Кога постојат групи, кои бараат уништување, кои бараат војна и кои не знаат да работат тимски, бранете се како тим, како група, бранете се од оние кои сакаат да ве атомизираат и да ви ја одземат силата на групата“. „На денешните млади им се потребни три главни столба: образование, спорт и култура“, нагласи Светиот Отец одговарајќи на прашање на студент од Јужноафриканската Република.
„Спортот – рече папата Фрањо – многу е важен, бидејќи ве учи да играте тимски. Спортот е штит од себичноста, му помага на поединецот да не биде себичен. Поради тоа е важно да се работи тимски, да се студира тимски и низ животот да се патува заедно, како тим.“, рече на крајот папата Фрањо.
РВ/го*ко