Во својата порака, Светиот Отец се заблагодари за многуте милости примени за Епископската конференција на Африка и Мадагаскар како и за братското заедништво кое ја обележа 50-годишнината од неговото делување.
Папата Фрањо упати порака до Советот на епископските конференции на Африка и Мадагаскар (SECAM) потпишана од државниот секретар на Папата, кардиналот Пиетро Паролин. Во пораката ја нагласи драгоцената служба што ова тело ја дава на Црквите во Африка и на тој начин му помага на целиот континент. Имено,на 21 јули 2019 година, во Кампала, главниот град на Уганда, почна да се слави Златниот јубилеј на тоа црковно тело кое е дел на ХVIII пленарна континентална црковна координација, на тема: „Црква – Божјо семејство во Африка, го слави твојот јубилеј! Навестувајте го Исус Христос вашиот Спасител“.
Во пораката што ја прочита апостолскиот нунциј во Уганда, архиепископот Луиџи Бианко, Папата ги поздрави сите учесници на јубилејот; 40 делегации што ги претставуваат 40те епискописки конференции, благодарејќи на Бога за многуте примени милости за Советот на епископските конференции на Африка и Мадагаскар, како и за братското заедништво кое ја обележа неговата заземеност за тие 50 години, а за кој поттик даде светиот папа Павле VI, прв Папа кој ја посети Африка, од 31 јули до 2 август 1969 година, кога беше основан Советот.
Папата Фрањо кој ја посети Уганда, во ноември 2015 година, моли членовите на Советот на епископските конференции на Африка и Мадагаскар да бидат зајакнати во својата работа како ученици мисионери за големата работа на евангелизацијата, настојувајќи евангелието, да ја исполни секоја димензија на животот, носејќи го на другите. На крајот, Папата дава благослов на сите учесници како ветување за мир и радост во Господ.
Архиепископот Протасе Ругамва, секретар на Конгрегацијата за евангелизација на народите на Советот му ја пренесе пораката на конгрегација и потсети дека создавањето на Советот на епископските конференции на Африка и Мадагаскар беше и останува вистински Божји знак за Црквата во Африка. Тоа тело може да биде голема сила за иднината на Црквата на африканскиот континент. Во таа смисла, јубилејот нека биде прилика да се размислува за духовно и пасторално обновување на Црквата, која на африканските народи е извор на надеж – рече архиепископот Ругамва, а пренесува католичката новинска агенција ФИДЕС.
Ватикан њуз