Папата донира 500.000 долари за мигрантите во Мексико

Папата Фрањо донира 500.000 долари помош за мигрантите од средноамериканските земји, кои се наоѓаат во Мексико.

Тој износ ќе биде поделен на 27 проекти во 16 бискупии и монашки заедници во Мексико, кои имаат потреба од помош како и понатаму би продолжиле со обезбедување на сместување, храна и основни намирници, објавено е на интернет страница „Петрова пара“, фонд на Светиот Престол, кој собира средства за такви намени.

По поминати 4.000 километри пешачејќи од Хондурас, Славадор и Гватемала, во последните неколку месеци илјадници мигранти пристигнаа во Мексико – стои во соопштението. Мажи и жени, многу од нив со мали деца, бегаат од сиромаштвото и насилството, надевајќи се на подобра иднина во Соединетите Американски Држави. Но тие ја затворија границата.

Во 2018 година во Мексико влегоа шест големи групи мигранти, вкупно околу 75.000 луѓе, а се најавени и други групи. Сите тие се запрени и не можат да влезат во САД, немаат домови, ниту пак основни средства за живот. Католичката Црква во своите бискупски и монашки објекти прими илјадници од нив, давајќи им го она што е најпотребно за живот, од сместување, па сѐ до облека. Средствата за информирање сѐ помалку се интересираат за нив.

Од 27 проекти за помош на мигрантите, 13 веќе се одобрени, додека 14 се во постапка за одобрување, затоа што пред да се добие проектот потребна е гаранција за уредно и транспарентно користење на средствата. Благодарејќи на тие проекти, као и на христијанската љубов и солидарност мексиканските бискупи се надеваат дека ќе можат да продолжат да им помагаат на браќата и сестрите кои мигрираат – стои во соопштението.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот