Д-р Ѓорге Иванов, поранешен претседател на Македонија, упати честитка до бискупот Стојанов за празникот Велигден

Д-р Ѓорге Иванов, поранешен претседател на Македонија, упати честитка до бискупот Стојанов за празникот Велигден

По повод празникот Велигден поранешниот претседател на Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. д-р Киро Стојанов, која ја пренесуваме во целост.

Почитуван Бискуп д-р Стојанов,

Ми претставува особено задоволство во овие празнични денови, Вам лично, на целиот пасторален персонал и до сите верници на Католичката црква во Република Македонија, од мое лично име и во име на моето семејство, да Ви го честитам претстојниот христијански празник Велигден.

Денот на Воскресението Христово – Велигден е најголемиот христијански празник, темелот на нашата христијанска вера. На овој голем ден да се потсетиме дека иако безгрешен и бесценет Господ Исус Христос, синот Божји, со својата физичка смрт на крстот ја плати највисоката можна цена за да не ослободи од заслужените последици на нашите грешки. Со своето физичко воскресение, ги отвори портите и за нашето воскресение во вечен живот.

Денес, кога на многу места во светот има страдања, неправди, плач и болка, да не заборавиме дека сите сме Божји чеда и дека во неговата милост и љубов кон нас имаме прибежиште и утеха. Воскресението Христово – Велигден е неодминлив патоказ дека вдахновени од примерот на Христа можеме да ги надминеме сите искушенија и предизвици.

Затоа, го молиме Христа да ни даде сила да бидеме човечни, разумни, да имаме мир, разбирање, да имаме верба и надеж за подбра иднина.

Почитуван Бискуп д-р Стојанов,

Нека овој голем ден донесе светлина, радост, љубов и мир насекаде!

Со оваа порака Ви го честитам големиот христијански празник Велигден и посакувам да имате добро здравје, радост и благосостојба.

Христос воскресна!

Навистина воскресна!

д-р Ѓорге Иванов

Категорија: Вести, Македонија

За авторот