Најава: За Божиќ епископот Стојанов ќе служи света Литургија во Струмица

Најава: За Божиќ епископот Стојанов ќе служи света Литургија во Струмица

На празникот Рождество Христово – Божиќ, Неговото Високопреосвештенство монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх на 7 јануари 2019 година со почеток во 00.00 часот ќе служи света архиерејска полноќна Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица. На Литургијата ќе сослужуваат свештеници од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија.

Радио Марија ќе врши директен пренос од светата Литургија, може да ја слушате на фреквенцијата 106, 5 ФМ или на интернет преку линкот www.radiomarija.mk.

к.мк

 

Категорија: Вести, Македонија

За авторот