Папата длабоко погоден од смртта на Алфи Еванс

Папата длабоко погоден од смртта на Алфи Еванс

На 28 април 2018 година, во 2:30 според локално време во детската болница „Ајдер Хеј“ во Ливерпул почина 23 месечното момче Алфи Еванс.

„Мојот гладијатор ноќеска го положи штитот и доби крила. Те сакам, мое детенце“, соопшти неговиот татко Томас на Фејсбук, а Кејт Џејмс, мајка на Алфи, напиша: „Нашето синче, ноќеска доби крила. Нашето срце е скршено. Ви благодариме на сите, за вашата поддршка.“ Папата Фрањо во пораката која ја објави на својот прифил на Твитер се сети на Алфи Еванс и напиша: „Длабоко сум погоден од смртта на малиот Алфи. Денес посебно се молам за неговите родители, додека Бог Отецот го прима во својата нежна прегратка.“

Потсетуваме дека Алфи Еванс боледуваше од непозната дегенеративна болест на мозокот, за кое британскиот суд одлучи дека треба да му се исклучи механичката вентилација. Неговите родители се обратија и до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но судот одби да реагира. Минатата среда, на 25 април, британскиот апелационен суд го отфрли барањето на родителите на Алфи да го префрлат својот син во Италија каде детската болница „Бамбино Џезу“ во Рим ќе се грижи за малиот Алфи на сопствен трошок. Додаваме на тоа дека и Италија на Алфи му даде италијанско државјанство.

Папата Фрањо побара од своите соработници да направат сè што е можно за да го префрлат момчето. Во понеделникот, на 23 април Светиот Отец во својата порака на Твитер го спомна Алфи: „Длабоко сум трогнат од молитвите и големата солидарност со малиот Алфи Еванс, го повторувам својот апел за да се слушне страдањето на неговите родители и да се услиша нивната желба за да обиде со нови можности за лекување.“ Меѓутоа истиот тој ден во 23:17 часот лекарите ја исклучија механичката вентилација сметајќи дека ќе умре набрзо после тоа. Детето пак успеа самостојно да дише пет дена, за на 28 април во 2:30 часот според локално време да почине.

Коментирајќи го случајот на Алфи Еванс, Алберто Гамбино претседателот на инталијанското здружение „Наука и живот,“ во разговор за Радио Ватикан, напомена дека во овој случај недостасувало човечност. Смета дека не е случајно што случаите како овој се случуваат во англо-саксонските болници кои поседуваат суровост во поглед на примената на прописите. Од таа причина во таквите случаи потребно е да се обнови улогата на родителите, семејството. Треба да се внимава протоколите да не преовладаат над човечките односи, а во овој случај над сојузот кој секогаш мора да постои помеѓу лекарите, пациентите и семејството – рече Алберто Гамбино.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот