Папата: Да ги извалкаме рацете

Папата Фрањо ја посети заедницата „Вила Назарет“ и кратко се задржа во посета. Во капелата на заедницата го коментираше прочитаното Евангелие и присутните ги поддржа во нивното благородно настојување.

Да сведочиш значи да живееш така што другите да ги видат вашите добри дела и славата на вашиот Отец Кој е на небесата; што значи да го сретнеш Отецот – се зборовите на папата Фрањо до собраните верници во заедницата Вила Назарет во Рим која што ја посети на 18 јуни 2016 година околу 17 часот. Папата со луѓето и штитениците на заедницата го пречека и кардинал Акиле Силвестрини и монс. Клаудио Марија Чели., Папата се осврна на евангелскиот дел за човекот кој паднал меѓу разбојници и ги поттикна собраните нивното сведоштво да не биде пресметано…

Клучно прашање е: „Кој е мојот ближен?“ на кое Исус одговара со парабола во која се вклучени многу луѓе: разбојници, сиромашен, полумртов човек на патот; потоа свештеник, потоа стручњак за Законот како адвокат… потоа гостилничар и веројатно ниту еден од нив – вклучувајќи го Самарјанецот – не го знаел одговорот на поставеното прашање: Кој е мој ближен? – рече Светиот Отец применувајќи ја параболата на нашето време.

Свештеникот бил во брзање како сите свештеници погледнал на часовникот: „Треба да служам света Литургија или толку пати ја оставив црквата отворена. Стручњакот на Законот како практичен човек кажал: Ако сега се вмешам во ова утре ќе мора да сведочам на судот и да кажам што сум направил; губам така два или три работни дена. Не подобро е да живее Понтиј Пилат – и оди. Оној третиот грешник кој не припаѓал ниту на Божјиот народ се сожали и застана. Сите тројца добро знаеле што требало да направат – рече Папата и продолжи …

Мило ми е да мислиме за безимениот гостилничар кој сето тоа го набљудувал, а ништо не сфатил. Се чудел како еден Самрјанец му помага на Евреин. Со сопствените раце му ги преврза раните и тогаш ми го донесе и ми кажа: погрижи се за него уште ќе ти платам ако е потребно. Тоа е лудост! Никогаш порано тоа не сум го видел! Вистински лудак – рече Папата оживувајќи во ликот на гостилничарот.

Но, преку чие сведоштво оној човек го примил Божјото Слово? – праша Светиот Отец. Од грешникот на кој искажал Божјото милосрдие. Не припаѓал на Божјиот народ, но имал сочуство! Можеби се двоумел или се приближил од љубопитност, со немир во срцето, но сочувството е сведоштво. Тоа сведоштво посеало во срцето на гостилничарот немир и што се случило со него. Евангелието не ни кажува. Сигурно кога Светиот Дух сее тогаш дава и да расте; и овде дава да порасне љубопитноста на гостилничарот; или неговиот немир, примајќи ја така во срцето пораката на сведоштвото – рече папата Фрањо и додаде…

Неколку дена после тоа Смарјанецот повторно дошол за да доплати, но можеби тогаш го слушнал одговорот на гостилничарот: Дозволи; ова е на моја сметка! Можеби тоа бил првиот одговор на сведоштвото – рече Папата.

За Вилата Назарет и за нејзиното делување имам слушнато многу вести. Не ја познавав многу добро, но монс. Чели ми кажа дека предност се дава на сведоштвото. Овде не се доаѓа за да се воздигнеш над другите, ниту да се добие било што пари или работи; туку за да се следат Исусовите стапки и да се пружи Неговото сведоштво во тишина без објаснување, без гестови. Она семе во гостилничарот сигурно никнало и пораснало затоа што видел работи кои никогаш не би верувал дека би можел да ги види – тоа е сведоштво. Сведоштвото доаѓа и поминува. Само Господ го чува и дава да расте како што тоа го прави со семето: додека господарот спие билката расте – рече Папата.

Се надевам дека ова (ваше) дело и понатаму ќе биде сведоштво, домашно сведоштво; сводоштво за сите. Нека Господ нè избави од разбојниците – а ги има многу – нека нè избави од свештениците во брзање кои никогаш немаат време да сослушаат, да погледнат затоа што си имаат своја работа; да нè ослободи од правниците кои верата во Исус Христос сакаат да ја презентираат со математичка крутост и нека нè поучи како да застанеме и да нè поучи со онаа мудрост од Евангелието: да ги извалкаме рацете. Нека Господ ни ја даде таа милост. Ви благодарам – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот