Во Москва беше , кое го објави муслиманската издавачка куќа Медина.
Верувам дека отворена и искрена споредба на темите предложени во „Fratelli tutti“ може да промовира дијалог меѓу религиите. Всушност, братството е родено од признавање на еден Татко. И ако сите сме деца на ист Татко, тогаш можеме да се нарекуваме браќа и сестри и да живееме соодветно на тоа“, напиша папата Фрањо во својата кратка порака до учесниците на презентацијата на рускиот превод на енцикликата, што се одржа во среда, 3 март 2021 година во Москва. Според него, со ова издание се овозможува енцикликата да „биде достапна за голем број мажи и жени со добра волја кои сакаат да го прочитаат овој текст“.
На публикацијата работеше муслиманската издавачка куќа Медина, вклучително и истражувачкиот персонал на Муслиманскиот меѓународен форум. Делото, подготвено под покровителство на Духовната управа на муслиманите на Руската Федерација, беше објавено во пресрет на Божиќ. Поглаварот на Католичката црква забележува дека бил „импресиониран и задоволен“ од фактот што преводот го подготвиле муслимани.
„Мислам дека размислувањето и дијалогот за оваа енциклика ќе помогнат не само во Руската Федерација, каде дијалогот меѓу христијаните и муслиманите е во пораст, туку и на човечки род во целина. Всушност, во глобализираниот и меѓусебно поврзан свет во кој живееме, гестот направен во едниот агол се рефлектира во секој друг дел“, напиша Папата.
Извор: Ватикан њуз/к.мк