Меѓународна конференција за единство на христијаните

Меѓународна конференција за единство на христијаните

Со Меѓународната онлајн конференција која ќе се одржи на 28 и 29 мај 2021 година Движењето на фоколарите ќе одбележи 60 одини дијалог меѓу верниците од различни Цркви. Придонесот на Фоколарите за единството на христијаните донесува плодови на прифаќање, праведност и мир меѓу заедниците и народите.

На собирот – како што стои во соопштението на Делото на Марија – Движењето на Фоколарите, ќе се разгледува „дијалогот на животот“ кој произлегува од близината и заедништвото меѓу христијаните од различни Цркви. Свои размислувања ќе изнесат кардиналот Курт Кох претседател на Папскиот совет за промовирање единство на христијаните, дон проф. д-р Иоан Сауца привремен генерален секретар на Екуменскиот совет на Цркви, Маргарет Карам претседателка на Движењето на фоколарите, дон д-р Јесус Моран потпретседател на Движењето на фоколарите и претставници на различни Цркви и движења.

Фокусирајќи се на духовноста на единството Кјара Љубик имала силно влијание на екуменското движење и дала силен придонес за негување на автентични односи меѓу различни Цркви и христијански традиции – рече Олав Фиксе Твеит поранешен генерален секретар на Екуменскиот совет на Цркви. (…)

Собирот кој го организира Движењето на фоколарите ќе се одржи со мотото „Љубете се едни со други како што јас вас ве љубам“ (Ив 15, 12). Неговото одржување не можеше да се случи во поповолно време од ова кога повотрно се распламтуваат војни и конфликти, со ширење на општествената нееднаквост влошена со пандемијата. Ова време бара личен и глобален придонес за лекување на поделбите и раните со кои човештвото денес се соочува. (…)

Меѓународниот собир се одржува по повод 60 годишнина на Центарот „Едно“ за единство на христијаните, секретаријат за дијлог меѓу христијаните од различните Цркви кој го основала Кјара Љубик на 26 мај 1961 година. Ќе се емитува од Центарот Маријаполи во Кастел Гандолфо со превод на 20 јазици.  Настанот може да се следи овде: https://live.focolare.org

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот