Мигрантите се центарот на Црквата, а децата се нашата надеж. Рече Папата на средбата во склоп на апостолската посета на Мароко со група мигрантите на кои им помага бискупискиот Каритас во Рабат.
Секој човек има право на живот и пронаоѓање на своето место во нашиот „заеднички дом“ – истакна папата папата Фрањо на средбата во седиштето на бискупискиот Каритас во Рабат со група мигранти од Магреб и субсахарска Африка.
Папата на почетокот на говорот истакна дека оваа посета на Мароко е можност за да може повторно да ја покаже својата близина со сите нив и заедно со нив да размислува – како што рече, за големата и тешка рана која и понатаму го мачи почетокот на XXI век, а која плаче во небото. Никој не може да биде рамнодушен на таа болка – рече Папата и додаде дека сите сме повикани да одговориме на бројните предизвици кои пред нас ги става денешната миграција, а тоа треба да се направи великодушно, подготвено, мудро и далекусежно, секој според сопствените можности. (…)
Папата повторно ги истакна четирите зборови кои се важни кога се зборува за миграцијата: да се прифати, заштити, промовира и интегрира. Тие се – објасни, основна рамка за сите луѓе. Во таа обврска сите сме вклучени; на различни начини, но сите. И сите сме потребни за да загарантираме достоен, сигурен и солидарен живот. Тие четири зборови можат да помогнат во остварување на простор за давање на достоинство.
Прифати, заштити, промовира, интегрира
Во денешните прилики прифати значи пред сè да им се пружи на мигрантите и бегалците поголеми можности за сигурен и легален влез во одредените земји. Заедничкото ангажирање на тоа подрачје е потребно за да не се овозможат нови простори за трговците со луѓе кои шпекулираат со соништата и потребите на мигрантите.
Да се заштитат значи да се загарантира заштита на правата и достоинството на мигрантите и бегалците – објасни Папата и посебно ја истакна потребна заштитата долж миграциските патишта кои за жал како што рече – често се центар на насилство, искористување и злоупотреба од сите видови. Многу е важно на сите посебно на најранливите мигранти, на големиот број деца кои се без придружба и на жените да им се обебзеди соодветна лекарска, психолошка и социјална помош.
Да се промовира значи да им се загарантира на сите, на мигрантите и на локалното население, можност да пронајдат сигурна средина во која ќе можат целосно да се остварат. Таквото промовирање започнува со признанието дека никој не е човечки отпадок, туку носител на лично, културно, професионално богатство – истакна Папата и додаде дека не смееме да заборавиме дека човечкото промовирање на мигрантите и на нивните семејства започнува исто така од нивната заедница од каде што доаѓаат, каде покрај правото на иселување треба да им се загарантира и тоа да не бидат принудени да мигрираат, односно правото на тоа во својата татковина да пронајдат услови за достоен живот.
Да се интегрираат значи да се ангажираме за истовремено да се вреднува културното наследство на заедницата која прифаќа и она на мигрантот, градејќи така мултикултурно и отворено општество. Знаеме дека ниту малку не е лесно да се влезе во некоја култура која ни е непозната – како за оној кој доаѓа така и за оној кој го прима дојдениот – и да се ставиш во положба на луѓето кои се толку поразлични од нас и да се сфатат нивните мисли и искуства.
Заради тоа често се откажуваме од средбата со другите и подигнуваме пречки за да се заштитиме – рече Светиот Отец и истакна дека интеграцијата затоа бара од нас да не се препуштиме на стравот и непознавањето. Тоa е патот по кој треба да поминеме заедно, како вистински сопатници, патот кој ги обврзува сите мигрантите и локалното население во градењето на гостољубиви градови внимателни на меѓукултурните процеси, градови кои знаат да го вреднуваат богатството на разликите преку средбата со другите.
Во секој мигрант е Христос
Напоменувајќи потоа дека Црквата го препознава нивното стрдање и дека страда заедно со нив, Папата рече дека таа сака да биде со нив за да го изградат заедно она што е најдобро за нивниот живот. Бидејќи секој човек има право на живот, секој човек има право да сонува и да го пронајде своето место во нашиот „заеднички дом“. Секој човек има право на иднина – истакна и се заблагодари на сите кои се ангажираат во служба на мигрантите и бегалците од целиот свет, а посебно на присутните вработени во Каритас кои во името на целата Црква на голем број браќа и сестри ја покажуваат милосрдната Божја љубов. Вие добро знаете дека за христијанинот не станува збор само за мигрантите, туку за Христос кој чука на нашата врата – рече на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк