Детали за посетата на Папата на Кореја

Посетата на папата Фрањо на Јужна Кореја ќе трае пет дена и дека ќе започне со заминувањето на Папата за Сеул, на 13 август. Кулминација на посетата ќе биде Евхаристиското славење во Дежон, на празникот Успение на Пресвета Богородица, кое папата Фрањо ќе го слави со младите од Азија, што е главна причина за посетата на Папата и воедно шести по ред Азиски ден на младите – стои во соопштението.

Освен тоа, Светиот Отец за блажени ќе ги прогласи 124 корејски маченици, ќе посети верски поглавари, а пред самото враќање, ќе слави света Литургија за мир и помирување во катедралата во Сеул. Посетата на Папата ќе биде воедно и посета на целиот Азиски континент – истакнуваат корејските бискупи – и неговото сведочење за мир и надеж, се исчекува од ден на ден.

Еден од младите мисионери од Неокатекуменскиот пат, посведочи дека не само католиците, туку и целото корејско општество очекува многу од оваа посета на Папата. Според кажувањето на издавачот (Edizioni Paoline), исклучително е зголемена продажбата на Папската енциклика „Evangelii Gaudium“ (Радоста на Евангелието), бидејќи народот е љубопитен што папата Фрањо вели. Од своја страна и на свој непосреден и семеен начин тој на Црквата и дава еден силен поттик и на целото човештво му покажува еден нов правец, каде – особено власта – не се гледа како моќ, туку како служење. Неговиот начин на делување, исто така – додаде овој млад мисионер – е показател на љубовта кон луѓето, било внатре, било надвор од Црквата.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот