Папата се сретна со претседателот на Мјанмар Хин Kjo

Папата се сретна со претседателот на Мјанмар Хин Kjo

Први официјални средби во Мјанмар: најпрво посета на претседателот Хин Кјо, а потоа средба со државната секретарка и министерка за надворешни работи Аунг Сан Су Ки.

Во Најпјидо, Папата го пречека претседателот на Мјанмар, Хин Кјо, пред претседателската палата во која Светиот Отец најпрво се потпиша во почесната книга. Потоа се одржаа приватни разговори; во една сала со претседателот Хин Кјо, а во друга со државната советничка Аунг Сан Су Ки која рече дека средбата со Папата ја истакнува нивната доверба во силата и моќта на мирот. Таа ја спомна кризата во мјанмарската сојузна држава Ракџин, и го вброи Папата во „добрите пријатели“ чија поддршка во напорите околу помирувањето – како што кажа – има непроценскива вредност.

Нашата најважна цел е – истакна Аунг Сан Су Ки – напредок во мировниот процес заснован на договорот за прекин на огнот на национално ниво, кој го покрена претходната влада. Патот кон мирот не е секогаш лесен, но е единствен начин кој на нашиот народ ќе му го оствари сонот за праведна и напредна земја која ќе биде нивно засолниште, нивна гордост и нивна радост. Стремежот за мирот треба да биде зацврстен со одржливиот развој, за иднината на генерациите кои доаѓаат да бидат сигурна – додаде Аунг Сан Су Ки.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот