Велигденски концерт на бендот Агапе во Скопската катедрала

Велигденски концерт на бендот Агапе во Скопската катедрала

На 2 април 2018 година во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“, бендот на млади Агапе одржа велигденски концерт. Младите од бендот се претставија со 10 песни и две инструментални изведби, првата ,,Опрости мајко“ во состав на Филип Глигоров, Димитар Мицев и Луиза Палифрова и втората,,Tango to the hilt “ од страна на трио Долче: Димитар Мицев (гитара), Луиза Палифрова (флејта) и Маја Витанова (виола). Самиот концерт беше збогатен со кратки рецитали помеѓу песните кои ги читаше Божанка Ристова.

Младите со своите песни ја искажаа својата радост за Воскресението Христово, а со тоа покажаа колку е убаво да се сведочи радосната вест дека смртта е победена.

Меѓу присутните беа и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. др. Киро Стојанов, скопскиот парох дон Давор Топиќ, монс. Антун Циримотиќ, бискупскиот канцелар о. Марјан Ристов, професорот на КБФ во Сараево дон Дубравко Туралија заедно со неговиот студент, богословот Јосиф.

На самиот крај се обрати парохот дон Давор Топиќ кој ја искажа својата радост за прекрасното сведочење на младите преку нивните песни и упати порака дека сите ние сме повикани да ја сведочиме оваа радосна вест.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот