Папата: Вистинскиот пост е да се помага на ближниот

Папата: Вистинскиот пост е да се помага на ближниот

Вистинскиот пост е да се помага на ближниот, лажниот пак пост ја меша религиозноста со други гнасни работи и подмитувања – истакна папата Фрањо во проповедта на 3 март 2017 година во капелата на домот Света Марта.

Литургиските читања зборуват за постот, односно за покората на која сме повикани во ова време на пост за да можеме да се приближиме до Господ. На Бог му е мило „покајничкото срце“, вели псламот, “срцето кое се чувствува грешно и знае дека е грешно“. Во првото читање од книгата на пророкот Исаија, Бој ја укорува лажната религиозност на лицемерите кои постат кога ги извршуваат своите работи, ги угнетуваат работниците и се расправаат „ударајќи се со безбожни тупаници“: додека постат вршат и неправда, занимавајќи се со „гнасни работи“. Напротив, Господ бара вистински пост, внимателност кон ближниот – рече Папата.

Друго е пак лицемерниот пост, а Исус честопати го користи тој збор, тоа е пост за да се покаже или за да се чувствува праведен, а истовремено сум вршел направда, не сум праведен, ги искористувам луѓето. „Јас сум великодушен, на Црквата ќе и дадам убав дар“. Но прашај се, дали праведно ја плаќаш својата куќна помошничка? Дали на црно ги плаќаш своите вработени: Или ги плаќаш според законот за да ги прехранат своите деца? – рече Папата.

Папата раскажа за еден богат човек кој после Втората светска војна сакал да го награди Исусовецот Педро Арупе, кој бил мисонер во Јапонија. Со богатиот имало и еден новинар и еден фотограф. Во пликото пак имало десет долари. Ние го правиме истото ако неправедно ги плаќаме своите луѓе. Од своите покори, молитви, пост и милостина земаме мито: мито на горделивост, мито за да се покажеме.

А тоа не е вистинитост, тоа е лицемерие. Поради тоа Исус вели: Кога молете, молете во тајност, кога давате милостина, на разгласувајте со сите труби, кога постите не бидете тажни, исто како да кажал: Кога правите некое добро дело, не земајте мито за тоа, туку тоа направете го заради Бог – рече Светиот Отец.

Папата го цитира пророкот Исаија, кога Бог зборува на лицемерите за тоа што е вистински пост. Изгледа дека тие зборови се упатени и до нас. „Ете го постот, што го избрав: раскини ги оковите на неправдата, одврзи ги врските на јаремот, и угнетените пушти ги на слобода и скрши го секој јарем;. раздели го лебот свој со гладните, и скитниците сиромаси одведи ги во домот свој; ако видиш гол, – облечи го, и од еднокрвниот не се криј.“

Да размислиме за тие зборови, во своето срце, за тоа као постиме, молиме и даваме милостина. Добро ќе ни дојде размислувањето за тоа што чувствува некој човек после вечерата, која ја платил 200 евра, кога се враќа дома и ќе виде некој гладен човек, кога нема да му обрне внимание, туку ќе продолжи понатаму да оди. Би било добро за тоа да размислиме – рече на крајот папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот