Ватикан: Папата нема да глуми во филмот Beyond the Sun

Иако многу медиуми пренесоа дека папа Фрањо ќе се глуми „самиот себе“ во филмот Beyond the Sun, Ватикан ја демантираше веста.

„Папата не е глумец“, изјави за Радио Ватикан монс. Дарио Едуардо Виган, раководител на ватиканската Канцеларија за комуникација.

Останува прашањето дали Папата тогаш ќе се појави во филмот на друг начин, позајмена снимка или слика, меѓутоа сигурно е, како што е изјавено од Ватикан, дека нема да глуми во него.

Потестуваме, една маркетинг компанија од Лос Анџелес објавила соопштение во кое пишува дека Светиот Отец Фрањо „ќе се глуми себе си во семејниот филм Beyond the Sun“. Станува збор за семеен филм врз основа на Евангелието кое го работи продукциската куќа AMBI Pictures, а целта му е да им помогне на децата „да ги научат и спроведуваат Исусовите „параболи“ на начин на кој ќе прикажат на децата од различна култура во потрага по Исус во светот кој ги опкружува“.

Во соопштението е, исто така цитирана и Моника Бакарди, коосновач на AMBI Pictures, која изјавила: „Заблагодаруваме за дозволата на папата Фрањо да го снимаме и неговата слика да ја искористиме во филмот“. Со текстот се наоѓала и слика на која се прикажани Папата и другиот коосновач на AMBI Pictures , Андреја Иерволина, во текот на заедничката средба во Ватикан.

Според AMBI Pictures целиот профит треба да оди на две добротворни организации во Аргентина, кои помагаат на младите и децата во потреба.

РВ/Б.Р

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот