Папата: Верата се навестува со сведочење

Соживот помеѓу богатството и бедата во Африка и не само таму е соблазна – истакна Светиот Отец на Генералната аудиенција на 2 декември на плоштадот Свети Петар зборувајќи за своето апостолско патување во Кенија, Уганда и Централноафриканската Република.

Во срцето на Африка е соживотот помеѓу богатството и бедата. Тоа папата Фрањо лично го искусил во текот на неодамна завршеното патување во Кенија, Уганда и ЦентралноафриканскатаРепублика. Тоа е соблазна! Не само во Африка, туку и овде насекаде. Соблазната е соживот помеѓу богатството и бедата, тоа е срамота за човештвото – повтори Светиот Отец.

Осврнувајќи се на неодамна завршеното апостолско патување, Папата на Генералната аудиенција посебно зборуваше за мисионерите и младите. Што се однесува до ЦентралноафриканскатаРепублика последната дестинација од ходочастието која е – како што рече – прва во неговите мисли, Светиот Отец зборуваше за мажите и жените кои млади ја оставиле својата татковина и заминале во тие краишта; тие избрале напорен живот, а понекогаш на гола земја спиеле – рече.

Зборувајќи за „храбрите мисионери“ кои ги запознал во Банги, спомна една чесна сестра италијанка која е 81 година, две повеќе од мене – рече Папата. Таа од Конго со чамец заедно со една девојка која ја нарекува баба пристигнале во ЦентралноафриканскатаРепублика. Цел живот работела како болничарка и акушерка, помогнала во раѓањето на 3200 деца. Целиот свој живот го дала за животот на другите. Многу чесни сестри, свештеници и монаси изгоруваат навестувајќи го Исус Христос – рече папата Фарњо.

Папата повика да се следи нејзиниот пример и бројни други, истакнувајќи дека мисионирањето не е прозелитизам. Чесната сестра ми раскажуваше како кај нив доаѓале жени муслиманки, бидејќи знаеле дека чесните сестри се внимателни болничарки и дека добро ги негуваат. На прво место е сведоштвото, а ако некој сака тогаш тие му држат веронаука. Сведоштвото е херојско мисионирање на Црквата – истакна папата Фрањо повикувајќи ги младите да размислуваат за мисионерскиот повик.

Папата ги поттикна младите со сопствениот живот да Го навестуваат Исус Христос. Додека си млад треба да размислуваш и да Го молиш Бог за да ти ја покаже својата волја. Но, не ја исклучувај можноста да бидеш мисионер, во другите земји да ја шириш верата во Исус Христос, но не да се занимаваш со прозелитизам, бидејќи тоа го прават тие кои бараат нешто друго. Верата се навестува со сведочење, а дури потоа со зборови. Полека – рече Светиот Отец.

Папата се надева на посветла иднина за ЦентралноафриканскатаРепублика која многу трпи, но настојува да ги отстрани вооружените конфликти и големите страдања на населението. Светиот Отец во главниот град Банги ја отвори првата врата на Јубилејот на милосрдието како знак – како што рече – верата и надежта за народот во ЦентралноафриканскатаРепублика и за сите африкански народи на кои им е потребно откуп и утеха. Треба да се отстрани војната, поделбите, бедата, а да се избере мирот, помирувањето и развојот. Тоа претпоставува преобразба на свеста, однесувањето и личните накани – потсети Папата.

Во однос на тоа главниот збор го имаат верските заедници. Затоа Папата се сретна со евангелските заедници и претставниците на локалните муслимани за да го подели со сите заземањето и молитвата за мир. На прекрасната Литургија во Банги, Папата ги виде бројните свештеници и монаси и монахињи, мноштво народ посебно млади: повеќе од половина од населението во ЦентралноафриканскатаРепублика сè уште немаат 18 години; младите се „ветување за да се оди напред“ – истакна Светиот Отец.

Зборувајќи за Кенија симбол на „глобалниот предизвик на нашето време“ кој посебно се забележува во Најроби, а тоа е „заштитата на создаденото“ рече дека треба да се прошири развојниот модел за да биде „праведен, вклучувачки и одржлив“. Затоа папата Фрањо поттикна сите да ги вреднуваат природните и духовните вредности на државата: природните добра, новите генерации и вредностите на кои се темели народната мудрост носејќи Го Исусовото Слово кое повикува на постојаност во верата и на слобода.

Бројни понизни и едноставни луѓе со достоинство го живеат тоа Слово. Тоа Слово на трагичен и херојски начин го сведочеле академците од Гарисе кои на 2 април беа убиени затоа што се христијани. Нивната крв е семе на мирот и братството за Кенија, за Африка и за целиот свет – рече Папата.

Потоа се осврна на посетата на Уганда на педестгодишнината од прогласување за светци на угандските маченици кое се одвиваше во „занесот на сведоштвото вдахнато од Светиот Дух“, на пример во случајот со вероучителот и неговото семејство и во делотворната љубов која како што рече со рака допрела во Домот на милосрдието како и во примерот на младите кои „и покрај тешкотиите“ настојуваат да живеат според Евангелието и да одат против струјата и во примерот на многу свештеници, монаси и монахињи кои секој ја обновуваат својата посветеност на Христос и Божјот народ – потсети Папата.

Сите тие различни сведоштва вдахнати од Светиот Дух се квасец за целото општество, а тоа јасно го потврдува ефикасната борба против сидата во Уганда и прифаќањето на бегалците. Таа разновидност на ефикасна љубов го поттикна папата да ја нарече Африка убава. Завршувајќи ја аудиенцијата Папата потсети дека во недела започна Адвент. Ве поттикнува ова време подготвувајќи се во контекст на Јубилејот, за раѓањето на Исус, лицето на милосрдниот Бог да го живеете во духот на ефикасната љубов, со поголемо заземање за оние во потреба и заедничка молитва – рече Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот