Оџа вози секоја недела баби на света Литургија
Интересна приказна доаѓа од Доња Рама, област во кој војната остави длабоки рани и исто така донесе огромна недоверба меѓу луѓето од различни националности.
Токму тогаш, како што пишува Вечерњи лист во мракот на човечката омраза, на најубав можен начин блесна светлото на човечноста. Во хрватско-босанското село Слатина, во кое поголем дел се бошњаци, денес живеат околу седум млади хрватски семејства, а исто така и неколку стари луѓе кои редовно одат на света Литургија во 6 километри оддалечениот Грачац. Меѓу нив се и пет стари госпоѓи кои имаат проблем со превозот, а кои, според зборовите на парохот фра Мате Топиќ, не сакаат да пропуштат света Литургија.
Всушност, овој проблем на најубав можен начин ги поврза луѓето од различни вери. Имено, според зборовите на парохот, проблемот со превозот го реши никој друг, туку оџа.
-Оџата Амир Дрежњак, во селото Лизоперци, каде што се наоѓа џамија и каде што тој живее, во недела доаѓа во Грачац. Тука има десетина муслимански куќи и одржува час по веронаука. Пред поаѓање редовно преку телефон ги повикува нашите баби од Слатина и им кажува: „Јас сега ќе наминам, чекајте ме ќе ве однесам на Литургија“. Тоа е убаво и интересно. Понекогаш имаме заеднички средби со Херцеговците и има прашање „кои ви се тешкотиите, како доаѓате на Литургија“? Една жена одговорила: „Немаме проблеми, секоја недела оџата доаѓа со својот автомобил и попат и нас нé пренесува“. А тие останале вчудовидени. „Што гледате? Кај нас тоа е нормално“ – раскажува фра Марко.
А дека почитувањето не е еднострано, покажува и иницијативата на верниците од Грачац кои собрале 4000 марки за тешко болното девојче Ајлу Сефер.
Парохиската заедница прва излезе во пресрет. Јавив од олтарот, тоа беше во пресрет на минатиот Божиќ. Четворица верници, одејќи од врата до врата, собраа 4000 марки. Никој ништо не кажа – изјави фра Марко за Вечерњи лист.
Битно нет/Б.Р.