За тебе – жено!

Денес е денот на оние како што велат понежните и послабите. Меѓутоа не би се сложиле со тоа во потполност. Бидејќи всушност на грбот на жените е ставена целата болка на раѓањето на нов живот. Само таа може да ги издржи болките на раѓањето, непроспиените ноќи и да ги надмине сите проблеми кои и се ставени на патот.

Но, да тргенеме од почеток. Бог ја научил жената како да му помогне на човекот. Размислете малку. Помошта е потребна тогаш кога си слаб и не можеш сам. Жената е битие слична на Бог, овде е дарувана за да го комплетира човекот. Настанала од неговото ребро, а не од стапалото за да се гази по неа. Нејзиното достоинство е еднакво како достоинството на мажот. Но,  често си поставуваваме едно пршање. Зошто таа и покрај сите тие силни дарови ја заборава својата вредност? Зошто се споредува и се вреднува со манекенките и луѓето од телевизија? Зошто се омаловажува, ако носи поголем конфекциски број од манекенките чии што слики можеби и се преработени во фотошоп? Бидејќи често пати е спуштена премногу ниско во својата вредност, често потисната на работа и недоволно вреднувана во полнината на своето достоинство. Но, убавината доаѓа од душата. Оној кој го носи Бог во себе, зрачи со неверојатна убавина. Зошто не се прифатиш себе? Зошто не се сакаш себе – онаква каква што Бог ме сакал и создал? Зошто да ги следиме мерилата на убавината кои шти ги одредил светот и така завел многу? Ние сме во светот, но не сме од светот. Ние сме од Бог. Така и живееме.

На почеток спомнавме за жената како слабо битие. Но, силата знаете, не се мери само во мускулната и физичката маса. Погледнете ја само својата мајка. Без разлика на тоа колку и е мала силата во неа за фудбалски тим. Способна е трите ката на куќата совршено цврсто да ги држи додека четвртиот го придржува со силна љубов. Без неа ништо не знаеш. А таа знае сè. Често толку многу знае што не ти е јасно од каде го знае сето тоа. Но, едноставно знае. И тоа ти е доволно да го знаеш. Не прашувај премногу. Знае кога дишеш и кога не дишеш. Кога ја зборуваш вистината и пред да изустиш збор. И никој не љуби како неа. И никој не те познава дури, ниту самиот себе како што те познава таа. Бидејќи таа носи неверојатен дар од Бог. Таа е мајка. Таа те носела во себе, под своето срце. Со тебе дише и со тебе сонува. Сѐ додека постои.

Жено ти која си способна да ги држиш сите четири ката на куќата, не ги следи идеалите на светот. Биди ти – токму таква, со сите мани и доблести! Прифати се и засакај се себе, бидејќи си создадена на слика Божја. Овде си за да донесеш убавина на светот. Со својата сила за нов живот да го пополниш светот. Клучот на животот е во твоите раце. Биди свесна на својата убавина и никогаш не заборавај колку вредиш! Бог има план со тебе! Верувај му! Отвори му го срцето и ќе прави чудеса во твојот живот! Биди слободна без присилба и окови. Биди тоа што си. Загледај се во нашата небесна Мајка. Нека таа ти биде пример. А ти човеку чувај ја како капка пролетен дожд на дланка. Таа е создадена од реброто на мажот за да му биде еднаква. Не од главата за да владее со неа. Запамти, Бог ги создаде машко и женско за да станат едно тело. Дозволи да те комплетира. Од тебе да направи човек и маж, а пред сè она најубавото и највозвишеното, од тебе да направи татко.

Млади католици/Габриела Јурковиќ и Ивана Клариќ/к.мк/Д.И.

За авторот