Отец Ибрахим Алсабаг: Ситуацијата во Сирија е навистина драматична

Отец Ибрахим Алсабаг: Ситуацијата во Сирија е навистина драматична

Во разговор за Радио Vатикан фрањевскиот патер Ибрахим Алсабаг, парох на латинските верници во парохијата Свети Фрањо Асишки во западен Алепо, потврди дека ситуацијата во Сирија е навистина дрматична.

Не ја заборавајте Сирија – повторно е упатен апел од кардинал Марио Зенари, апостолски нунциј во Дамас, кој за таа земја го упати преку ватиканскиот весник „Осерваторе Романо“. Имено, изгледа дека меѓународното информирање се помалку е заинтересирано за она што се случува на тоа подрачје –загрижен кардинал е Зенари.

Ситуацијата е навистина драматична – потврди во разговор за Радио Ватикан и фрањевскиот патер Ибрахим Алсабаг, парох на латинските верници во парохијата Свети Фрањо Асишки во западен Алепо. Се плашам дека секој момент може да избувне регионална војна. И денес во Алепо паѓаат ракети во градот, погодувајќи најмногу цивили. По речиси седум години конфликт, се појасно се гледаат резултатите од таа апсурдна криза – рече и додаде – не само уништување и смрт на голем број недолжни луѓе, туку и сѐ повеќе ширење на болести, тумор и болести од психолошка природа кои се резултат на поднесениот терор.

Не постои нормална ситуација

Не е само цела Сирија парализирана од економски аспект, туку цивилите сега веќе се речиси целосно зависни од помошта која ја примаат од Црквата и хуманитарните организации. Луѓето немаат повеќе пари ниту за ковчег за да ги погребаат своите најближни – вели патер Алсабаг. Како што немаат ниту пристап до здравствена грижа или образование за сопствените деца.

Во така безнадежната ситуација, Црквата е на прва линија, не само што се однесува до најитните потреби, туку и за да понуди надеж во светлината на верата, и за да изгради иднина на мирот. До декември минатата години го обновивме Апепо со речиси 850 станови – вели парохот – помогнавме на 80 парови, млади брачни парови, со еден, како што го нарекоа „подарок за венчавка“, така што им помогнавме да изнајмат некој стан или им купивме неколку потребни работи. Гледаме кон иднината, со сигурна вера и постојана надеж – истакна на крајот патер Ибрахим.

Насилството сее нови жртви

Во меѓувреме новото насилство и понатаму го зголемува списокот на жртвите во Сирија. На 13 февруари 2018 година, загинаа најмалку шест цивили меѓу кои две деца, во воздушните напади на сирискиот режим на опизициската енклава во Источна Гота, недалеку од Дамаск. А изминатите денови – како што извести организацијата „Лекари без граница“ – погоден е еден нејзин здравствен центар во Мишмисан во покранината Идлиб. Нападот е извршен додека една лекарска екипа спроведувала програма за вакцинација во околните села; притоа загинаа шест, а ранети се 17 луѓе – стои во соопштението на таа организација.

РВ/к.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот