Папата им се заблагодари на здравствените работници за нивното служење на човештвото

Папата им се заблагодари на здравствените работници за нивното служење на човештвото

Примајќи ги во аудиенција италијанските педијатри и отоларинголози, папата Фрањо предупреди на двојната опасност од утопијата да се елиминираат болестите и да се напуштат оние кои се слаби. Тој се осврна на фактот дека во Италија населението старее и ги охрабри младите повторно да ја откријат храброста и радоста на родителството. Тој предупреди и за заштита на правото на здравје, кое е загрозено од економската криза.

Се шират два спротивни, подеднакво опасни феномени: отстранување на границите со барање здравје по секоја цена и напуштање на слабите и кревките, во некои случаи со предлогот за смрт како единствен начин – истакна папата Фрањо, примајќи во аудиенција околу 2000 членови на Италјанскиот сојуз на педијатри и Здружението на болнички отоларинголози. Во исто време, тој предупреди:

Медицината која се откажува од лекување и се крие зад дехуманизирани и дехуманизирачки процедури повеќе не е уметност на лекување.

Блискост, сочувство, нежност

На пациентот, напротив, треба да му се пристапи како добариот Самарјанин, кој не се врти настрана, туку се наведнува над ранетиот и му ги олеснува маките, без да поставува прашања, без да дозволи неговото срце и ум да бидат затворени од предрасуди, не размислувајќи за сопствената корист. Постојат три Божји особини кои секогаш ни помагаат да одиме напред: блискост, сочувство и нежност. Ова многу помага, го гради општеството – рече Светиот Отец.

Заштитете го правото на здравје

Римскиот епископ потсети на пандемијата со болеста Ковид-19 и ги нарече здравствените работници „носечки столбови на земјата“. Тој истакна дека без нивната посветеност, пожртвуваност и ангажирање ќе беа изгубени уште многу животи. Сепак, тој истакна дека три години потоа италијанското здравство минува низ нова фаза на критичност која, како што изгледа, станува структурна и го загрозува остварувањето на правото на здравје.

Постојаниот недостаток на кадар доведува до несовладливи оптоварувања и бегство од здравствените професии. Тековната економска криза влијае на квалитетот на животот на пациентите и лекарите. Колку рани дијагнози не се поставени? Колку луѓе го напуштаат лекувањето? Колку лекари и медицински сестри, обесхрабрени и уморни, заминуваат или подобро кажано заминуваат да работат во странство?

Служење на народот

Здравјето е општо добро, но – предупреди Папата – може да се случи да не се применат принципите на универзалност, правда и солидарност, кои се основата на италијанското јавно здравје. Затоа ги охрабри здравствените работници да го зачуваат овој систем кој е во служба на народот. Овој систем треба да се развие затоа што е систем на опслужување на луѓето.

Дополнително, оние кои се повикани да се грижат за другите – додаде тој – не смеат да ја занемарат грижата за себе. Потребни се интервенции кои даваат достоинство на вашата работа и промовираат најдобри услови за да може да се извршува на најефикасен начин – рече Папата.

Осврнувајќи се на крајот на фактот дека Италија е земја која старее, папата Фрањо изрази надеж дека овој тренд ќе се промени, создавајќи поволни услови за младите да имаат поголема самодоверба и повторно да ја откријат храброста и радоста на родителството.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот