Отворање на Светите врати во Банги

Папата е загрижен поради немирите во главниот град на Централноафриканската Република, а намерата да ги отвори светите врати на катедралата во Банги поттикнаа голема радост и надеж во земјата која Папата ќе ја посети при апостолското патување во Африка.

Овие се многу тешки денови за главниот град Банги. Вооружени лица ги палат и ограбуваат куќите на многу семејства поради што многу од нив мораа да ги напуштат своите домови – рече надбискуп Франко Копола, апостолски нунциј во Централноафриканската Република.

Светиот Отец сака да учествува со својата солидарност со народот и е загрижен за семејствата чии животи се во опасност. „Говорејќи за нередеите во главниот град, Папата предупреди на тешката ситуација на илјадници луѓе кои се без никаква заштита“, истакна нунцијот додавајќи:

„Светиот Отец ја охрабри парохијата „Пресвета Богородица од Фатима“ која е еден вид остров – светилиште. Сините шлемови на Обединетите нации ја штитат парохијата во која останаа три свештеници, еден семинарист и неколку стотини лица кои во парохијата најдоа засолниште. Сé наоколу е пустина; во населбите вооружени групи ограбуваат и палат куќи. Папата сакаше да им ја искаже својата близина на луѓето од парохијата, а и да им го навести овој посебен настан: отварајќи го Јубилејот на милосрдието, жителите на Централноафриканската Република ќе се во можност да бидат сведоци на милосрдието и меѓусебното помирување. Овде е овој дар од Папата, многу пријатно изненадување, прифатен со воодушевување. Папата дарот го намени за Црквата во Централноафриканската Република“, истакна нунцијот Копола.

На забелешката дека е голема одговроност да се држат „отворени“Светите Врати, рече дека веднаш по обредот на отворање на светите врати  ќе следува и покорничко бдение за да поттикне кај сите жители и поклоненици покајничко расположение, така што минувајќи преку светата врата да добијат јубилеен опрост, а со тоа и дух на помирување и милосрдие за да одновно завладее мир во државата, рече апостолскиот нунциј.

„После 4 дена од вооружени напади и бегање на населението, конечно малку се смирува; вчера не моравме да бегаме“ раскажуваат хуманитарните активисти од главниот град на Централноафриканската Република, а пренесува агенција Мисна.

Според локални извори, најмалку 5.000 луѓе се засолниле во околината на манастирот „Пресвета Богородица од гората Кармел“. Црквата е отворена за време на целата ноќ за да можат да се засолнат жените и децата. Слично е и во заедницата „Апостоли на распнатиот Исус“ и во меѓуепископската голема семинарија. Надбискупот Диеудон Нзапалаинга ги посети споменатите места кој секогаш е храбар и насмеан, пренесува агенција Мисна, повикувајќи се на локални извори.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот