Говор на Мајка Тереза при посета на Скопје: Бидете свети

„Господ Бог толку многу го сакаше и го милуваше светот, што го даде својот Син за Блажената Дева Марија да биде наша светлина на патот на љубовта. Се наоѓаме денес овде, сите заедно да му се заблагодариме на Господ, што по педесет години откога заминав од Скопје, повторно сум на истото место каде што дојдов на овој свет. Овие се многу плодни години и ако треба повторно да го започнам животот, повторно би заминала од Скопје по истиот пат. Меѓу вас има многумина што ме познаваат од детството. Важно е дека сме повторно заедно. Фала му на Господ што ми овозможи да им служам на бедните во светот. Вие, девојки и момчиња, не треба да доаѓате во Индија, ниту да одите никаде во светот. Ако сакате да бидете Божји мисионери, почнете ја мисијата во вашата куќа, а потоа мислете на целиот свет. Мојата молитва за вас е: Бидете духовни, свети. Светост не е ништо посебно, таа е наша заедничка должност. Затоа мојата молитва за сите присутни овде и за цело Скопје е: Бидете свети. Љубете го другиот. Со ваква посветеност можеме да бидеме и Божја љубов и милосрдие за целиот свет.“

Извадок од книгата „Скопјанката Мајка Тереза“ од Стојан Тренчевски/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Сведоштва, Свет

За авторот