Не сите се среќни поради заштитата на животот во Аргентина

Не сите се среќни поради заштитата на животот во Аргентина

Не сите се среќни поради заштитата на животот во Аргентина: pro-choice активистите ја ишараа црква откако Сенатот го одби да го декриминализира абортусот.

Фасадата на црквата е ишарана со про абортус натписи и со зелена боја, која поборниците на абортусот во Аргентина ја користат како свој симбол.

Освен центарот на Буенос Аирес, каде протетстантите на 9 август фрлаа камења на полицијата, нередите се проширија и во други делови на Аргентина.

Така во градот Чиполети pro-choice активистите ја ишараа фасадата на црквата „Свето семејство“.

Потсетуваме дека аргентинските сенатори гласаа со 38 гласа против и 31 глас за и така го отфрлија законот кој требаше да го легализира абортусот по избор до 14 седмица од бременоста па сѐ до раѓањето во случај на силување, малформација на плодот или загрозеност на животот на мајката.

Оваа година пратениците повеќе не може да предложат промена на законот за абортус, кој во Аргентина е забранет освен во случај на силување и ако бременоста го загрозува животот и здравјето на мајката.

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот