На 2 јуни е одржана донаторска видео конференција за Јемен во организација на Обединетите нации и Саудиска Арабија. УНИЦЕФ апелира да не се заборави таа земја која поминува низ тешка хуманитарна криза.
На 2 јуни Саудиска Арабија во соработка со ООН беше домаќин на донаторската видео конференција за помош на Јемен,, земја која е уништена од војната уништена, обезбеди од разни страни вкупна помош од милијарда и 350 милиони американски долари. Тој износ е помалку од очекуваните 2 милијарди и 410 милиони долари колку според проценките на Обединетите нации се потребни за на соодветен начин да се одговори на потребите на населението во Јемен.
Се проценува дека на најмалку 12 милиони луѓе им треба помош, а собраните пари често не одговараат на проценетите потреби. На пример, Обединетите нации оваа година за помош на Јемен побараа повеќе од 3 милијарди долари, но до минатата недела на нивната сметка се добиени само 15% од тој износ. Внатрешните проблеми во донаторските земји предизвикани од пандемијата од коронавирусот, како и падот на цената на нафтата веќе доведоа до намалување на средствата наменети за некои хуманитарни програми и постои ризик дека од вкупно 41 хуманитарна програма на ООН ќе бидат укинати 30.
Андреа Иакомини гласноговорник на италијанскиот огранок на УНИЦЕФ во разговор за Радио Ватикан истакнува дека во Јемен половина милион луѓе страдааат од тешка неисхранетост и предупреди дека во таа земја се убиени и ранети 8.600 деца, додека околу 3.000 регрутирани. Исто така кажа дека УНИЦЕФ бара 50 милиони долари помош за да може да одговори на потребите на тие блискоисточни земји во кои со бомбардирањето се онеспособени 50% од здравствените институции и училишта. Освен тоа помош е потребна за да може на соодветен начин да се одговори на пандемијата.
Лисе Гранде хуманитарна координаторка на ООН за Јемен изјави пак дека Ковид-19 би можело да ја преплави таа земја доколку не се соберат потребните средства и ако не се зацврсти делувањето со цел сузбивање на вирусот. Според последните службени податоци во Јемен од коронавирус се заразени околу 400 лица, додека 87 починале.
Високата стапка на смртност покажува дека бројот на заразени веројатно е далеку поголем. Бунтовниците Хути кои го контролираат главниот град Сана признаа дека вирусот се раширил на некои подрачја под нивна управа иако ја оспоруваат валидноста на тестовите на СЗО и податоците на меѓународно признатата влада на Мансура Хади.
Ватикан њуз/к.мк