Од проповедта на папата Фрањо: Молитвата е единствено оружје за справување со тешките искушенија
За срамот пред Бог, за молитвата на Божјото милосрдие и за потполната доверба во Бог говореше Светиот Отец во проповедта на Света Литургија во среда 25 септември, која ја служеше во капелата на домот Света Марта, а со него сослужуваа кардинал Леонардо Сандри, префектот на Конгрегацијата за Источни цркви, кардинал Бехар Раи маронтиски патријарх, и група на маронитски епископи од Либан, Сирија, Светата Зејма и други земји од сите континенти.
Коментирајќи ги литургиските читања, Светиот Отец рече дека читањето од книгата на Езра го поттикна на размислување за маронитските епископи, велејќи дека сите се, како Езра, мораме пред Бог да се срамиме заради своите гревови, бидејќи служевме на идоли, а не на Бог. Како Езра, и ние на колена мораме да молиме Бог да ни го подели своето милосрдие. Мораме да се молиме за мир во Либан, Сирија и на целиот Среден Исток, бидејќи молитвата е единствено оружје за справување со тешките искушенија и со темнината која не обвива во непревидливи ситуации. За да најдеме излез од сето тоа, треба непрестано да молиме – рече папата Фрањо. Говорејќи пак за довербата во Бог, Тој рече дека Бог никогаш не нѐ остава. Сигурни сме дека Бог е секогаш со нас, нашето одење мора да биде упорно, бидејќи се темели на надеж која дава сила – истакна Светиот Отец.
После Светата Причест, кардинал Раи се заблагодари на Светиот Отец во името на сите маронитски епископи и целиот Либан, и ја потврди верноста кон Петар и неговиот наследник „кој нас нѐ потпира на нашиот трновит пат“. Посебно се заблагодари на Папата за неговиот допринес во барањето мир. Вашата молитва за мир во Сирија и на Средниот Исток посеа надеж и утеха – заклучи кардинал Раи.
Д.И.