Од проповедта на Папата: Да молиме од Бога милост за да ја вршиме волјата Божја

Треба Бог да Го молиме и секој ден да бараме милост за да ја сфатиме Неговата волја, да ја следиме и до крај да ја извршиме – нагласи папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 27 јануари во капелата на домот Света Марта.

Некогаш законот бил полн со одредби и забрани, „крвата на говеда и кози“, „старозаветните жртви“ кои не можеле да ги простат гревовите, ниту да воспостават правда. Потоа на светот дојде Христос и со своето качување на крстот – со тој чин засекогаш нè оправда – покажа која „жртва“му е на Бог најмила: не е тоа жртвувањето на животни, туку вршење на Божјата волја – истакна Светиот Отец.

Литургиските читања и псалми го вдахнаа Светиот Отец во проповедта да зборува за послушноста кон Божјата волја. Тој е патот на христијанската светост односно покорување на Божјот план, прифаќање на Неговото спасение. Со непослушноста на Адам во земскиот рај тргнало спротивно. А неговата непослушност на целиот човечки род му нанесе зло – рече Светиот Отец.

И гревовите се израз на непокорување на Бог, спротивставување на Божјата волја. Напротив Господ нè учи дека вршењето на Божјата волја е вистинскиот пат, дека друг пат нема. Патот започнува со Исус на небото, со Неговата желба да ја врши волјата на Отецот. На земјата пак со Богородица: што му кажала Таа на ангелот? Нека ми биде според зборовите твои, нека се врши Божјата волја. Со нејзиното „да“ Бог меѓу нас го започна своето одење – објасни Папата додавајќи:

Не е лесно да ја вршиш Божјата волја. Не Му било лесно на Исус Кој бил искушуван во пустината, а во Маслиновата градина со немир во срцето ја прифатил жртвата. Не им било лесно ниту на некои ученици кои го напуштиле, бидејќи не сфаќале што значи „да ја вршиш волјата на Отецот“. Не ни е лесно ниту на нас, бидејќи секој ден на тацна ни се нуди можност за избор. Како тогаш можеме да ја вршиме Божјата волја? – праша Папата одговарајќи: „Молејќи за милост за да можеме да ја вршиме Божјата волја.“

Дали се молам Бог да ми даде желба за да се покорам на Неговата волја или прибегнувам кон компромисите, бидејќи се плашам од Неговата волја? Освен тоа треба да молам за милост да ја спознаам Божјата волја за својот живот, за своите одлуки кои треба да ги донесам… Треба да молам да сакам да ја вршам волјата Божја, за познавање на Божјата волја и да можам да ја вршам Божјата, а не својата волја. Не е лесно. Папата повтори дека треба да молиме за желба да ја извршуваме волјата Божја, за милост за нејзиното запознавање и за милоста да и се покориме.

Завршувајќи го размислувањето Светиот Отец поттикна на молитва Господ да ни даде милост за еден ден за нас да може да го каже она што го кажал за групи, мноштвото кое го следело, за оние кои го опкружувале, а што го слушнавме во Евангелието: Еве ја мојата мајка и моите браќа. Кој ја врши волјата Божја тој ми е брат, сестра и мајка. Преку вршењето на Божјата волја стануваме Исусово семејство: мајка, татко, сестра и брат – заврши папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот