Од Духовните вежби на Папата: Заедништвото со Бог ја надминува смртта и поминува во вечност
Да се гледа секој световен гест, уште повеќе и пазарната логика, значи да се изложиш на опасноста да не ја сфатиш вредноста на љубовта која на Бог му ги приближува луѓето, а луѓето до Бог, и поттикнува на меѓусебно зближување за да се оствари заедништвото на љубовта, која што е гостољубивата Црква – истакна монсињор Анџело Де Донатис во претпладневното размислување на петтиот ден од духовните вежби за Папата и Римската Курија, а пренесува ватиканскиот весник Осерваторе Романо.
Водителот на духовните вежби го започна размислувањето со прашање на еден првопричесник: Дали го запозна Исус поради работата или затоа што сте пријатели? – праша првопричесникот. Длабокото познавање на Исус, кое завршува со пријателство: во прифаќање и во љубов, беше главната мисла на медитацијата.
Водителот го коментираше евангелскиот пример за непознатата жена која во куќата на Симон лепрозниот во Витанија на Исусовата глава излеала скапоцено миро. Извештајот е многу важен поради местото на настанот, временскиот период и ефикасноста. Куќата се наоѓа во Витанија, која што е симбол на гостољубивост. Во Витанија Исус имал многу пријатели и знаел дека е сакан, за што копнее секој човек кој го напуштил својот град, барајќи подобра иднина – рече монсињор Де Донатис.
Време е за јадење, влегува жена и излева скапоцено миро на Исусовата глава. Тоа е гест на бесплатна љубов, објасни проповедникот, која што е уште повеќе знаважна, бидејќи се случува во атмосфера на насилство и омраза кон Исус: книжниците два ден пред Пасха барале добра причина за да го убијат Исус – објасни монсињор Де Донатис.
Поради тој гест на жената, која можеби била и проститутка, поприма и уште подлабоко значање: додека некои го мразат Исус, таа му доаѓа во пресрет и му нуди сѐ што има. Мирото – како што рече – чинело колку и годишна заработка на еден земјоделец. Жената всушност му ја дала на Исус својата годишна заштеда. Мирисот на мирото се ширело и до сите кои биле со Исус, иако тие – како што рече- не го ценеле, уште повеќе го критикувале гестот на жената затоа што ја сметале за блудница; пазарната логика ја вреднувале со мирисот на мирото. Исус ја брани жената затоа што искажала љубов кон својот Бог. Ете, „како Исус ја преобразил проституцијата во мирис“ – рече монсињор Де Донатис.
Човековата големина е во тоа пред Бог да се покаже каков што е, без страв, со своите гревови и со својата љубов. Исус може „сѐ да надомести и да преобрази во добро“. Бог од човекот никогаш не бара повеќе од она што човекот може да го даде, и никогаш не му ја одзема слободата. И тоа малку што може да го понуди го приближува до Бог. А што повеќе луѓето се приближуваат до Бог, Бог повеќе им се приближува, а и луѓето едни на други. Така се создава заедништво кое ја надминува смртта и поминува во вечност. Црквата е како ново раѓање во заедништво – рече водителот на духовните вежби.
Во пладневното размислување на 12 март, монсињор Де Донатис говореше за љубовта и прифаќањето. Толкувајќи го Извештајот на Лука за навестувањето на раѓањето на Исус, рече дека стерилноста е сфатена како знак на ексклузивната Божја моќ да подари живот. Човекот може залудно да се бори да подари живот, но без Божја волја не може ништо да направи. Може единствено да го прифати животот. Марија е првиот сведок на тоа – рече проповедникот.
Монсињор Де Донатис долго говореше за описот на Лука на навестувањето на Исусовото раѓање наведувајќи го секој хоризонт за да ја истакне големината на Божјиот план. Го истакна симболичното значање на некои поединости: навестувањето на ангелот во шестиот месец; местото на навестување; Назарет; и девственоста на Марија – потсети проповедникот.
Бројот шест е „човеков ден“, Бог шестиот ден го создал човекот. Бог го одбрал човековиот ден за овоплотување на својот Син, за да го вклучи уште повеќе во историјата на човештвото. Назарет е заборавена и неважна периферија. Гледа пак на Мариина девственост, тоа означува дека Бог е господар на животот. Девственоста во извесна смисла е човечка пропаст, негова немоќ да подари живот. Но Марија е доказ дека Бог нашата понизност и нашето сиромаштво може да го преобрази ви духовна големина. Нагласувајќи ја Мариината девственост не го обезвреднува сексуалноста, туку го истакнува раѓањето на детето како дар на Божјите милости, а не како плод на човечките способности – објасни проповедникот.
На крајот на размислувањето проповедникот се осврна на целибатот велејќи дека за целибатот не е потребна вера, тоа зависи од лична одлука и избор. Но кога е во прашање свештенички целибат, кој подразбира духовно татковство, тогаш делото на Светиот Дух е неопходно, односно вера. Проповедникот ги повика сите на откривање на „храбра вера“, затоа што „ако стравот чука на вратата, а верата отвора, тогаш стравот не наоѓа никого дома“ – заврши монсињор Де Донатис.
РВ/Д.И.