Последиците од социјалната и здравствената криза поврзани со пандемијата имаат влијание на сите подрачја не само на вработувањето. Мора да се фокусираме на негатативните последници на подрачјето на поучувањето и образованието. Се работи за долготрајни последици кои ќе се чувствуваат месеци и години – е истакнато на вебинарот во организација на Европската комисија заедно со Советот на епискоспките конференции на Европската унија (COMECE).
Соочени сме со голема криза на образованието заради многу ученици кои не можеа да посетуваат училиште во текот на најтешките месеци на lockdown – истакнаа учесниците на вебинарот и препорачаа да се започне со преиспитување на недостатокот на учење затоа што тоа е залогот за идните генерации. Следните чекори на тоа подрачје се пресудни за иднината на европските граѓани и младите генерации. Образованието на младите е важно за саканото опоравување да имаме поотпорни граѓани и општества подготвени за идните предизвици.
Целта е конкретно да се спроведат начелата и економските насоки кои се наоѓаат во усвоената Декларација од Оснабрик за стручно образование. Се работи за документ кој минатата година во тој германски град го потпишаа министрите одговорни за стручното образование во државите членки на ЕУ, економските социјални партнери и Европската комисија. Тој документ кој ги заменува заклучоците од Рига од 2015 година одредува нови политики во стручното образование за предиодот од 2021 до 2025 година. (…)
Во Декларацијата од Оснабрик европските министри за стручно образование ветија да придонесат за опоравување после болеста Ковид-19. Затоа напоменаа дека е неопходен дијалог како што го промовира спомнатиот вебинар за да сфатиме дека преку иновативни системи понатаму да се развива европското подрачје на образованието. Важно е и итно да се озбезбедат системи насочени на иднината кои ја поддржуваат дигиталната и зелена транзиција за да се подобри вработувањето и конкуретноста поттикнувајќи економски раст. Европската комисија уште еднаш во новите стратешки насоки за одржлив раст на ЕУ поттикна на разгледување на основната улогата на политиката во образованието и оспособувањето на национално и европско ниво.
Меѓу последиците од пандемијата се наоѓа растот на нееднаквоста и социјалните разлики. Не смееме да ги занемариме ефектите кои заради економската ситуација не можат да се следат технолошките промени. Стручното образование повторно е во центарот на европскиот општествено-економски развој за следната деценија. Со оглед на пандемијата, комбинацијата на образованието и практичното оспособување мора да биде во центарот за да ги усвоиме уште пред да ги следиме сегашните и идните потреби на општеството и економијата. Потребно е инклузвно и квалитетно образование како и нова култура и целоживотно учење – заклучија учесниците на вебинарот.
Ватикан њуз/к.мк