Обезбедувањето правда значи рехабилитација на сторителите

По повод одржувањето на VI Светски конгрес против изрекувањето смртна казна Светиот Отец упати видео порака. Казна која не остава простор за надеж и не ги вклучува настојувањата виновникот по издржувањето на казната повторно да се вклучи во општеството не е казна, туку мачење.

Од 21 до 23 јуни во Осло во Норвешка се одржува VI Светски конгрес против изрекувањето смртна казна, настан под покровителство на невладините организации: Светска коалиција против смртната казна и т.н. Собир против смртната казна со поддршка на норвешкото Министерство за надворешни работи на кој учествуваат околу 140 организации од целиот свет. Примарна цел на Конгресот е да се постигне укинување на задолжителната смртна казна.

По повод спомнатиот Конгрес папата Фрањо на учесниците им упати видео порака. Поздравувајќи ги организаторите на Светскиот когрес против смртната казна групата земји кој го поддржуваат, а посебно Норвешка како домаќин на групата како и сите преставници на влади, меѓународни организации и цивилното општество кои учествуваат, Папата исто така – во заедништво со сите луѓе со добра волја – ја изрази својата лична благодарност за посветеноста на учесниците на идејата за свет без смртна казна.

Знак на надеж Светиот Отец гледа во тоа што јавното мислење сѐ повеќе се противи на смртната казна. Навистина денес смртната казна е неприфатлива и претставува насилство над неповредливоста на животот и достоинството на луѓето; таа исто така е во спротивност со Божјиот план – како за поединците така и за општеството – а спротивна е и на Божјата милосрдна праведност. Смртната казна не е во согласност, ниту со една цел на казнувањето. За жртвата не се придобива правда, туку наместо тоа поттикнува на освета. Заповедта „Не убивај“ има апсолутна вредност и важи исто и за невините и за виновните – смета папата Фрањо. Вонредниот Јубилеј на милосрдието е можност за промовирање во светот сѐ повеќе различни облици на почитување на животот и достоинството на секој човек. Не смее да се заборави дека неповредливото и од Бог даденото право на живот исто така му припаѓа и на криминалецот.

Денес би ги поттикнал сите, не само да се заземаат за укинување на смртната казна, туку и за подобрување на животните услови во затворите така што целосно да се почитува достоинството на затворениците. „Обезбедувањето правда“ не значи барање на казна заради неа самата туку да се осигури основната цел на секое казнување, а таа е рехабилитација на сторителите. Прашањето треба да се разгледува и да се решева внатре во пошироката казнено-правосудна рамка на самиот систем со отворена можност за повторно интегрирање на виновникот во општетсвото. Нема соодветна казна, ако нема место за надеж! Казната заради неа самата без простор за надеж е облик на мачење, а не казна – рече Светиот Отец.

Верувам дека овој конгрес може да даде нов поттик за настојувањата околу укинувањето на смртната казна. Од таа причина ги поттикнувам сите кои учествуваат да продолжат со овој голем потфат, а јас ги уверувам за својата молитвена подршка – стои во завршниот дел од видео пораката на Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот