Папата до младите: Сонувајте големи работи

Папата до младите: Сонувајте големи работи

Нарекувајќи се поклоник на мирот и надежта, папата Фрањо охрабри околу 22 илјади млади кои се собраа на плоштадот Боливар во Богота, на 7 септември 2017 година, да не се плашат од иднината и да се осудат да сонуваат големи работи.

Тој ги повика да го остварат тој сон за мирна иднина на Колумбија и јасно им рече дека неговото присуство во нивната земја е конкретен знак на охрабрување и поддршка во овој клучен момент во кој сите Колумбијци се повикани да го надминат стравот и поделбите.

И додека колумбиската влада настојува да продолжи со својата програма за помирување и обнова, стана очигледно дека голема пречка претставуваат длабоките поделби кои го рануваат колумбиското општество. Од таа причина младите луѓе се многу важни во процесот, бидејќи претставуваат иднина и тие се оние кои можат најмногу да добијат и загубат.

Не дозволувајте било која да ви ја одземе радоста – им рече Светиот Отец – внимавајте на таа радост која ги обединува сите во спознанието дека пламенот на Исусовата љубов е доволен за да го запали целиот свет. Зарем не сте способни да го промените ова општество?

Папата не се двоумеше да го истакне фактот дека младите Колумбијци претрпеле тешки и мрачни моменти и дека контекстите на смрт, страдање и поделби можат толку длабоко да имаат влијание на луѓето, така што скоро се зашаметени. Но, исто така рече дека на младите им е многу полесно да се среќаваат едни со други: сѐ што ви е потребно е добро кафе, добар пијалок, фудбалски натпревар; вие нѐ подучувате дека културата на средба не е во тоа да мислиме, живееме или реагираме сите на ист начин, туку во спознанието дека макар различни, сите сме дел од нешто поголемо што нѐ обединува и надминува; сите сме дел од ова прекрасна земја – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо допре уште едно клучно и трновито прашање – колумбискиот мировен процес. Рече дека младоста нѐ оспособува да простиме и зад себе да го оставиме она што нè повредило за да го упатиме својот поглед кон иднината без товарот на омразата. Потебни сте ѝ на Колумбија! – им рече на младите на крајот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот