На средбата со младите папата Фрањо посака обединување на Кореја
Молете се за повторно обединување во едно корејско семејство, во кое живеат браќа кои зборуваат ист јазик – рече папата Фрањо на младите собрани на прославата на Денот на младите во Азија со кои се сретна на 15 август попладне по локално време во Тежон во големиот шатор подигнат на паркингот на светилиштето Солмое. Тоа беше час и половина голем занес и внимание на зборовите на Светиот Отец кој средбата ја заврши повикувајќи ги на простување и толкувајќи им на младите што значи одлуката во животот да се наследува Исус.
Дали вината за поделбата на две Кореи е само на една страна? Ако Бог ми каже да го следам во некое звање, а јас чувствувам нешто друго, дали тоа е искушение или не? Тие се големи и многу важни прашања кои бараат директен одговор, а ги поставија тројца млади во името собраните млади, присутни на Денот на младите во Азија. Папата Фрањо не ги разочара во нивните очекувања. Внимателно ги слушаше и запишуваше белешки, додека една девојка од Камбоџа, едно момче од Хонг Конг и девојка од Кореја го отворија своето срце со многу доверба, трогнувајќи ги сите присутни.
Кога дојде редот на Папата исто така едноставно го прекина подготвениот говор кој до половина го прочита на англиски јазик, барајќи од младите дозвола за да помине на италијански, јазикот кој му овозможува да зборува диретно од срце. Драги млади пријатели, во ова наше време Господ смета на вас! – истакна папата Фрањо. Влезе во вашите срца на денот на вашето крштение; ви го даде својот Дух на денот на вашето миропомазание, постојано ве зајакнува со својата присутност во Евхаристијата, така за да можете пред светот да бидете Негови сведоци. Дали се подготвени да Му кажете „ДА“? – праша Светиот Отец.
После тоа, првиот одговор беше упатен на младата девојка Меј од Камбоџа, која е во конфликт со својот живот, дали да го следи гласот кој ја поттикнува на монашко посветување, или да тргне по исто барање, но по лаички пат. Станува збор за привиден конфликт – рече Папата – бидејќи кога Господ повикува, секогаш повикува за да им се направи на другите добро: дали во монашки живот, дали посветен или лаички, како татко и мајка, семејство. Но, целта е секогаш иста: да се поклонуваш на Бог и да правиш добро на другите (…) Но, ти не мораш да избереш никаков пат! Треба да го избереш Господ! Исус го избра! Ти треба да го слушаш Него и да Го прашаш: „Господи што да правам?“ – рече Светиот Отец.
Папата Фрањо исто така на девојката од Камбоџа и даде едно ветување, откако таа потсети на камбоџанските маченици кои сѐ уште не се познати, а убиени се најмногу во годините на крвавиот режим на Пола Пота. Ти ветувам дека ќе се заземам, кога ќе се вратам дома, ќе разговарам до човекот кој е задолжен за тие работи, а тој е еден добар човек, се вика Анџело… и ќе побарам да испита и да види – рече Папата.
Анџело е кардиналот Амато кој е Преседател на Конгрегацијата за прогласување на светци, а обврската која Папата ја презеде поттикна силен аплауз, еден од бројните со кои младите му покажуваа на папата Фрањо дека нивниот восхит е силен, но дека им е потребна поддршка во сигурноста, сигурноста за новите генарации кои се прашуваат дали можат да напишат историја поинаква од минатото.
Како Марина, девојката која со своето прашање ја допре болната рана отворена веќе 60 години: која е смислата на омраза која ги дели двете Кореи? Папата е јасен: нема две Кореи. Таа само една, но е поделена , семејството е поделено – истакна Светиот Отец и додаде – пред сѐ, еден совет: треба да се молите; молете се за нашите браќа на Север. „Господи едно семејство сме, помогни ни, помогни ни во единството, Ти тоа го можеш. Да нема победник, ниту победени, само едно семејство, да бидат само браќа“ – рече Светиот Отец и ги повика сите присутни веднаш заедно да молат.
По кратката молитва во тишина, Папата продолжи, зборувајќи за надежта. Што е надежта? Има многу надежи, но една посебно е убава: Кореја е една; едно семејство. Вие зборувате ист јазик, јазикот на семејството; браќа сте кои го зборуваат истиот јазик (…) Мислете на своите брќа на Север: зборуваат ист јазик, а кога во семејството се зборува ист јазик, постои и човечката надеж – истакна Светиот Отец.
Голем шатор во кој владее потполна тишина со младите собрани заедно со Папата во молитва за обединување на Кореја, сцена која нема да се заборави. Но, утописката надеж е без опрост и всушност од тој аспект папата Фрањо го посвети последното импровизирано размислување изнесено без однапред подготвен текст. Осврнувајќи се на музичко театарската сцена која младите Корејци ја изведоа на почетокот на средбата, вдахнати од параболата за блудниот син, Светиот Отец повторно го истакна цврстото уверување кој е камен темелник на неговото папство, а тоа е дека Бог е бесконечно милосрдие и трпение.
Никој од нас не знае што го очекува во животот – рече Папата. И вие, млади, прашувате што ве очекува. Можеме да направите и најгрди работи но ве молам немојте да губите надеж; тука е секогаш Отецот кој ве чека! Вратете се! Треба да се вратам дома, бидејќи Отецот ме чека. А ако многу сум грешел, ќе приреди големо славење. А вие свештеници, ве молам, прегрнете ги грешниците и бидете милосрдни – истакна папата Фрањо.
Средбата заврши со молитвата „Оче наш“, испеана на корејски јазик.
РВ/Д.И.