Меѓуверска теологија е новата специјализација која се воведува на Папскиот латерански универзитет од академската 2020/2021 година. Целта на тој нов формациски предлог е да се подржи екуменизмот, дијалогот и културата на средба.
Од следната академска година се воведуваат нови две годишни студии со цел воспоставување и подржување на екуменскиот дијалог меѓу различните христијански вероисповеди, во духот на „културата на средба“ која многу пати ја истакнува папата Фрањо. Станува збор за магистерски студии по Меѓуверска теологија со екуменска перспктива и перспектива на заедништво која ја предлага Теолошкиот факултет на Папскиот латерански универзитет.
Иницијативата ја поттикна научниот одбор кој го координира теологот Џузепе Лорицио, а кои го сочинуваат претставници од различни христијански вероисповеди. Студиите опфаќаат шест модули: историско – патристички, библиско – фундаментални, доктринарно-догматски, етичко – морални, литургиско – културални и мисионерски.
Целта е со специјализација по Меѓуверска теологија – објасни Лорицио, да се оспособат кандидатите да можат да дадат научна и дидактичка димензија на христијанската теологија која е темелот и го прави хоризонтот на различни цркви. Предавањата ќе ги држат – додаде телогот, католички професори, православни, реформирани од разни Цркви, а предност ќе се дава на свештениците и лаиците, за да можат да ги анимираат и да им служат на своите заедници кога ќе се вратат во нив, и тоа во духот на „културата на средба“ која ја предлага науката на папата Фрањо.
Прелогот за новите магистерски студии одговара на повикот на Папата кој го упати по повод посетата на Папскиот латерански универзитет на 31 октомври 2019 година. Светиот Отец тогаш инсистира на важноста на дијалогот сфатен повеќе како воспитен критериум, отколку како начин на живот или односи.
Ватикан њуз/к.мк