Богослужби со папата Фрањо за време на Страсната недела

Богослужби со папата Фрањо за време на Страсната недела

Прес-центарот на Ватикан го објави распоредот со богослужбите на папата Фрањо од Цветници до понеделник по Воскресението Христово, со ограничен број заради пандемијата Ковид – 19. Со Литургијата за Господовата вечера ќе претседава кардинал Ре, декан на кардиналскиот колегиум, додека Крстниот пат на Велики Петок повторно ќе се одржи на плоштадот пред базиликата Свети Петар и ќе биде анимиран од извидници од италијанската област Умбрија и деца од римска парохија, како и цртежи на деца и млади од две римски згрижувачки семејства.

Дванаесет месеци подоцна, најважните литургиски прослави за западните христијани од целиот свет и во срцето на Католичката црква повторно се обележани со пандемијата. Исто така, Светата недела за папата Фрањо ќе биде прилагодена на условите и потребите наметнати од Ковид-19, пред сè, со отсуство на верници кои традиционално ги исполнуваа службите од Цветници до Воскресението Христово.

Литургија со посвета на миро и Велики Четврток

Соопштението, објавено од прес-центарот на Ватикан, кое содржи распоред на богослужбите со Папата во Светата недела, наведува дека секоја од службите ќе се одржи со „ограничено присуство на верници, во согласност со поставените здравствени мерки“. Богослужби со Папата за оваа значајна недела за католиците започна со Света Литургија на Цветници. Литургијата со посвета на мирото на Велики Четврток, 1 април, од 10.00 часот, повторно ќе биде служена на олтарот над гробот на Свети Петар, која ќе ја предводи Папата, чие присуство, сепак, не е предвидено за Литургијата на Господовата вечера со почеток во 18.00 часот, која пак ќе ја служи кардинал Џовани Батиста Ре, декан на кардиналскиот колегиум

Крстен Пат на плоштадот пред Базиликата

Другите два настана со Папата се на Велики Петок, Страдањето Господово од 18.00 часот во базиликата Свети Петар и три часа подоцна, од 21.00 часот на Крстниот Пат, кој и оваа година ќе се одржи на плоштадот пред ватиканската базилика“, а не каква што е традицијата на Римскиот Колосеум. Оваа година – стои во соопштението на директорот на Прес центарот на Ватикан, Матео Бруни – размислувањата се подготвени од извидничка група од Фолињо (Умбрија) и римската парохија посветена на Светите маченици од Уганда.

Очите на децата и младите

Овие размислувања ќе бидат „едноставни и директни зборови, но потполно свесни во однос на дискриминацијата и понижувањето, како и правдата и солидарноста“, се вели во соопштението. Извидничката група од Фолињо, составена од 21 воспитувач и 145 момчиња и девојчиња на возраст од 8 до 19 години, ќе размислуваат на 14 постојки, споредувајќи ги со нивните секојдневни искуства, додека 500 деца од веронауката за Прва Причест и Миропомазание од парохијата на Светите маченици од Уганда помогнаа во обликувањето на медитациите, исто така преку интернетски средби, поради ограничувањата заради пандемијата.

Солидарност на римските парохии

Римската парохија во областа Ардеатино, предводена од отец Луиџи Д’Ерико, раководител на пасторалната грижа за лица со попреченост, посебно е посветен на солидарноста. Веќе подолго време одржува средби за и со лица со попреченост и соработува со згрижувачките семејства од „Азил за Агар“, во кој се сместени жени и деца, жртви на насилство и Домот за бездомници „Витлеем“, во соработка со осум парохии на XXII префектура на Римската бискупија.

Детските цртежи ќе ги придружуваат постојките на Крстниот Пат

Цртежите го отсликуваат спасителниот настан на Синот Божји. Изработени се од деца и млади од семејствата домаќини “Mater Divini Amoris” и “Tetto Casal Fattoria” двете од Рим. Првото згрижувачко семејство го водат ќерките на Богородица на Божествената Љубов и во неа се сместени 8 деца на возраст од 3 до 8 години, а второто е основано во 1984 година од доброволно здружение за помош на деца во непријатни ситуации.

Велика Сабота

На 3 април, Велика сабота, од 19.30 часот, Папата повторно ќе биде на олтарот над гробот на Свети Петар, за Велигденското бдение, а следниот ден, 4 април, празникот на Воскресението Христово, од 10.00 часот во ватиканската базилика ќе служи Литургија, која ќе заврши со традиционалната порака и благослов до градот и светот (Urbi et Orbi). На 5 април, понеделник по Воскресението Христово, од библиотеката на Апостолската палата, Папата ќе ја моли молитвата Царице Небесна.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот