Папата Фрањо жали за жртвите од ерупцијата на вулканот „Фуего“

Папата Фрањо жали за жртвите од ерупцијата на вулканот „Фуего“

Во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, на сите кои ги погоди таа природна катастрофа, папата Фрањо моли за даровите на солидарност, духовен мир и христијанската надеж.

Жалост заради ненадејната природна катастрофа и молитви за сите кои ги погоди ерупцијата на вулканот „Фуего“ во Гватемала – се чувствата на папата Фрањо кон таа средноамериканска земја изразени во телеграмата која ја потпиша Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин, а упатена до надбискупот Николас Тевенин, апостолски нунциј во Гватемала.

Папата Фрањо се моли за Гватемала

Папата изразува близина и утеха до роднините на жртвите, како и на сите кои на тоа подрачје поднесоа голема материјална штета – стои во телеграмата која ја објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол. Според последните податоци, загинаа 69  луѓе, 46 се ранети, а станува збор за повеќе од 3000 евакуирани. Папата Фрањо моли за сите даровите на солидарност, духовен мир и христијанска надеж и изразува благодарност до оние кои се ангажираат во давањето помош.

Во таа драматична ситуација која би можела да се претвори во вистинска катастрофа, веднаш се ангажираше епархијата Ескуинт, која најмногу беше погодена од таа несреќа. Епископот Виктор Хуго Палма Пол објави соопштение во кое изразува надеж во солидарноста на сите луѓе. Локалниот каритас подготви три прифатни центри, и на 10 јуни организира собирање на помош, најмногу лекови, облека и храна.

Според извештајот на Марија Аревала, извршен секретар на Каритас Гватемала, спасувачите сѐ уште не можеле да стигнат до најгустите места и се стравува од уште поголема катастрофа. Ерупцијата опфати 1 700 000 луѓе, а тој број може да се зголемува – истакна Аревало и додаде дека многу е оштетена инфраструкурата, посебно улиците и мостовите, заради што комуникацијата е многу отежната.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот