На аудиенција Папата прими деца од Католичка акција
Во животот со Исус е возможно сѐ, истакна Папата Фрањо за време на аудиенцијата во четврток 18 декември 2014 година со децата од Католичка акција, кои на Папта му го честитаа Божиќ. Оваа година воспитувачите на децата од Католичка акција како мото го избраа „Треба сѐ да се открие“.
Прво „сѐ“ од мотото предложи Папата, значи никогаш да не се откажуваат и „сѐ да се гради заедно“, со родителите, браќата, пријателите од училиште, од Католичка акција. Второто „сѐ“, смета Папата, значи да се интересираме за потребите на сиромашните, оние кои најмногу страдаат и најосамените, бидејќи кој го сака Исус, не може да не го сака и ближниот. Третото „сѐ“ е да се сака Цркавата, да им се посакува на свештениците добро, да се биде расположен за да се служи на заедницата, да се даде своето време, сила, личните способности да се даруваат на парохијата.
Четврта точка која ја истакна Папата е да се „биде апостол на мирот“, почнувајќи од семејството. „Ова е важно: со Исус е возможно сѐ. Но тие зборови не се некој изум: самиот Исус ги кажа, кога слегна од гората на преображението.“ На таткото кој молеше синот да му биде излекуван му рече: сѐ можно за оној кој верува. „Со вера во Исус се може сѐ“, ги охрабри Светиот Отец.
Како последна точка Папата ја истакна молитвата: „разговарајте со Исус, најдобриот пријател кој никогаш не ве напушта“ и кој „кога ќе погрешите, секогаш можете да се вратите со сигурност дека ќе ви прости“. За да направиме чекор понатаму, поодлучен како неговите ученици се доволни само два збора: „Еве ме“, објасни Папата, потсетувајќи на крајот дека тоа е одговор и на Блажена Девица Марија на Благовештението.
РВ/го*ко