Нападите на семејството поопасни од атомска бомба
Поголема од атомската бомба и тероризмот на целото човештво му се заканува смртна опасност затоа што некои држави го избрале патот на законско уништување на семејството истакна кардинал Бо надбискуп на Јангон и Папски претставник на завршната света Литургија на 51 меѓународен евхаристиски конгрес во Себу на Филипините.
Азија и Африка се борат за опстанок на сиромашните семејства, за угнетените. Зборувајќи за новите облици на семејство и родителство, богатите држави го свртеа вниманието од сиромаштвото и угнетувањето. Поголема од атомска бомба и тероризмот на целото човештво му се заканува смртна опасност затоа што некои држави го избрале патот на законско уништување на семејството – истакна кардинал Карло Маунг Бо надбискуп на Јангон и Папски претставник на завршната света Литургија на 51 меѓународен евхаристиски конгрес кој се одржа од 25 до 31 јануари во Себу на Филипините.
Конгресот се одржа под мотото „Христос во вас, надеж на славата“, а беше повод за соочување со евангелизацијата и посланието не само во Азија, туку и во целиот свет. Кардиналот со остри зборови ги осуди сите кои се закануваат на темелите на животот и семејната заедница, а истовремно ја истакна улогата на Филипините како светилник за евангелизација во третиот милениум. Евхаристијата е посеана во семејството и во семејството ‘рти. Семејството е местото на првото заедништво, примарно јадро на Црквата, во него секој ден се прекршува леб затоа мора да биде заштитено, промовирано и грижливо чувано – истакна кардинал Бо додавајќи:
Папата Фрањо овие три години истакна три големи проблеми кои се однесуваат на целиот свет: семејството, околината и економската неправда. Но, најголемата опасност за денешното човештво е уништувањето на семејството. За жал и во Католичката црква тешко се сфаќа смртната опасност која се заканува на семејството – истакна кардиналот.
Зборувајќи пак во контекст на неодамна завршената недела на средби и размислувања надбискупот од Јангон потсети дека дошле од многу држави и дека зборувале разни јазици, „но како и на денот на Духови Евхаристијата ги зацврстува нашите односи.“ Овој е момент на „милости“ збогатен со гостољубивоста на Филипините и неговото население кои кардиналот на Мијанмар ги нарекува „апостоли на насмевката.“
Кардиналот токму во проповедта сакаше да го истакне централното место на Филипините во посланието во третиот милениум. Оваа азиска држава со католичко мнозинство е одредена за „слава, благосостојба и духовност“ наменета со задача да биде „светлина во Азија и во целиот свет“. Надежта е потребна за Филипините. На Црквата и е потребна надеж, потребна е на семејствата. На денешниот свет му е потребна надеж. Филипините се најголемата католичка земја во Азија, носителка на голема надеж – рече кардинал Бо, а „не негирајќи ги предизвиците, сиромаштвото, несигурноста, миграцијата“, рече дека таа држава „поседува големи можности за целиот католички свет.“
Враќајќи се повторно на темата за семејството кардиналот рече дека Филипините имаат два вида на милости: семејствата и младите. Вашите семејства се цврсти. Имате најмалку разводи на бракови во Азија. Многу богати држави имаат пари, но немаат семејства. Вашите многубројни млади се вистински благослов – рече кардинал Бо.
Завршувајќи ја проповедта кардиналот го истакна „центарот“ на Евхаристијата како „извор и врв за нгажирањето во животот.“ Треба да се чувствуваме силни со теологијата за Евхаристијата, треба секогаш да се „сеќаваме дека првата Евхаристија ја славеше осуден човек, немоќен, чие срце „било вознемирено“. Но моќта на Евхаристијата течела од неговите празни раце и постојано нè вдахнува. Евхаристијата е вистинско присуство Христово, послание и служење – заклучи кардинал Бо.
РВ/к.мк/Д.И.